X
 04.01.2017 Живот

Јохан Гете: Она што малку го знам, е благодарение на моето незнаење

„Најсилното искушение е мизеријата. Гладот и најмудрите риби ги тера да се приближат на јадицата“.

„Ако овие луѓе не ти се восхитуваат и не ти завидуваат, не си ни ти среќен“.

„Бескорисен живот е исто што и рана смрт“.

„Биди достоен во љубовта ако сакаш да бидеш љубен“.

„Човек може да го сака она суштество за кое е убеден дека ќе биде присутно кога ќе му затреба“.

„За човек да го исполни сето она што од него се бара, мора себеси да се смета за поголем отколку што е“.

„Демократијата не трча, но таа најсигурно стигнува до целта“.

„Девојката секогаш повеќе му верува на саканиот отколку на својата мајка“.

„Додека живееш, биди жив“.

„Ако сретнеме некого кој ни должи благодарност, веднаш се сеќаваме на тоа. Колку пати сме сретнале некого кому ние должиме благодарност, па не се сеќаваме на тоа“.

„И малиот маж е маж“.

„Кој има наука и уметност има и религија. Кој ги нема овие двете, нема ни религија“.

„Оној кој ги мрази жените е всушност погалантен од оној кој ги сака; тој всушност ги смета за несовладливи, а овој другиот се'уште се надева дека ќе излезе на крај со нив“.

„Оној кој не прави ништо за другите, не прави ништо и за себе“.

„Убаво е да мислите, но уште поубаво е да знаете, а најубаво е да набљудувате“.

„Лудаците се најштетни крадци. Ќе ви го украдат расположението и времето“.

„Убавината ограничува било каква лутина“.

„Љубовта е слатко ропство, бракот е ропство без сладост“.

„Љубовта на почеток се нарекува доверба“.

„Ако љубиш длабоко една личност, ти се чини дека сите останати се достојни за љубов“.

„Ние всушност знаеме ако малку знаеме. Со знаењето расте и сомнежот“.

„Да се мисли е лесно, да се работи е тешко, да се работи следејќи ја сопствената замисла е најтешката работа во светот“.

„Може да се родат воспитани деца, ако родителите се веќе воспитани“.

„Многу е полесно да се сфати заблудата отколку да се открие вистината. Заблудата лежи на површина и со неа лесно ќе излеземе на крај. Вистината лежи во длабочините. Да се бара не е работа за сите“.

„Најсреќен е, без разлика дали е крал или селанец, оној кој наоѓа мир во својот дом“.

„Најголемиот човек секогаш останува дете“.

„Нашите страсти се вистински феникс птици: кога старата ќе изгори, веднаш од пепелта се издига нова“.

„Не мора да посетуваме лудница за да најдеме растроени умови; нашата планета е душевна болница на универзумот“.

„Нема сонце без светлина, ниту човек без љубов“.

„Несреќата го обликува човекот и го принудува да се запознае самиот себеси“.

„Неблагодарноста е знак на слабите. Никогаш не сум видел вистински човек да е неблагодарен“.

„Никогаш не љубел оној кој мисли дека љубовта е минлива“.

„Ништо толку моќно и силно не го открива карактерот на човекот како насмевката“.

„Она што малку го знам, е благодарение на моето незнаење“.

„На паметниот човек не му се случуваат ситни глупости“.

„Да се потценува непријателот пред смрт е глупост, а после победа подлост“.

„Поделената радост е двојно поголема радост“.

„Кажи ми со кој се дружиш па ќе ти кажам кој си. Ако знам со што се занимаваш, тогаш ќе знам што можеш да станеш“.

„Слободни сте ако совеста ви е чиста“.

„Среќен и голем е оној кој не мора да владее ниту да покорува за да може да биде нешто“.

„Секоја храбра идеја во почетокот изгледа како лудост“.

„Секој сака да биде некој. Никој не сака да се потруди околу тоа“.

„Тешкотиите растат колку повеќе се приближуваме до целта“.

„Во пушењето има злобна непријатност и дрска асоцијалност. Пушачите го загадуваат воздухот надалеку и нашироко и ја гушат секоја чесна личност која не е во состојба во своја одбрана и самата да пуши“.

„Секогаш имаме доволно време ако правилно го искористиме“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот