X
 04.02.2020 Здравје

Кинезите со дронови им мерат температура на жителите

На интернет деновиве кружи снимка на која може да се види како Кинезите со употреба на технологијата се обидуваат да го намалат ризикот од ширење на коронавирусот. На снимката може да се види еден работник задолжен за мерење на телесната температура на жителите во зградата како тоа го прави со беспилотно летало. На безбедна оддалеченост, пред зградата, сместен е пилотот на дронот. Го насочува кон балконите на станарите, а сè што тие треба да направат е накратко да излезат надвор.

Останатиот дел од работата го извршува термовизиската камера, која ја мери телесната температура и така ги открива жителите што можеби се заразени со коронавирусот.

На овој начин домашната посета на лекарите се извршува на далечина, па се елиминира директниот контакт со заразените, кој е еден од главните начини за пренесување на вирусот.

Снимката беше објавена на „Твитер“ од страна на кинески „Глобал тајмс“.

Погледнете ја.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје