X
 04.02.2022 Наука

Научниците открија зошто омикрон предизвикува поблаги симптоми и полесна клиничка слика

Научниците идентификуваа можна причина зошто инфекцијата со омикрон е поблага отколку од другите варијанти на коронавирусот.

Истражувањата покажаа дека омикрон е почувствителен на имунолошкиот одговор на луѓето отколку делта-варијантата, објавија истражувачите од Германија и Велика Британија во списанието „Сел рисрч“.

- Нашата студија првпат објаснува зошто инфекциите со омикрон имаат помала веројатност да предизвикаат тешка болест - рече Мартин Мајклс од Одделот за бионаука на Универзитетот во Кент, чиј тим ја спроведе студијата во Универзитетската болница во Франкфурт.

Клучот е во интерферонот


- Омикрон, за разлика од делта-сојот, се чини дека не ги спречува заразените клетки да произведуваат и да лачат интерферон, природен протеин одговорен за имунолошкиот одговор присутен во сите човечки клетки - вели Мартин Мајклс.

Инфицираните клетки произведуваат интерферон. Едноставно тие служат како гласници кои, меѓу другото, ги информираат другите клетки за присуството на вирусот.

Делта успева да го блокира производството на интерферон

Според оваа студија, делта-сојот се покажа како поуспешна варијанта од омикронот која ја спречува способноста на клетките да го блокираат производството на интерферон.

Интерферонот е важен за неспецифичниот имунолошки одговор, односно за брзата реакција на имунолошкиот систем во борбата против патогените микроорганизми.

Неспецифичниот имунолошки одговор треба да се разликува од специфичниот имунолошки одговор, на кој му треба подолго време за да се активира.

Специфичниот имунолошки одговор произведува антитела кои постојат за да се борат против одреден патоген.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука