Кога сте со пријатели, со друштво, на кафе, вечера, патување – постои едно прашање што секогаш се поставува на крајот од дружбата: „Кој ќе ја плати сметката?“
Неретко следува типична дискусија – некој нема ситно, друг нема доволно средства на картичката, третиот вели: „Ќе ти пратам подоцна, плати за мене“ – ...и така од едноставно кафе се создава мала финансиска дилема.
Токму ваквите секојдневни ситуации беа инспирација за функционалноста
„Подели сметка“ достапна преку мобилната апликација
S-Banka на Шпаркасе Банка. Она што ја прави уште поатрактивна за младите е фактот што со
Vibe On пакетот за млади, оваа услуга се користи целосно
БЕСПЛАТНО – БЕЗ ПРОВИЗИЈА!
Со само неколку кликови во апликацијата, корисниците можат да пратат пари или да поделат сметка со пријател директно преку телефонскиот именик – без внесување број на платежна сметка, без чекање, без компликации.
• бесплатно праќање пари преку телефонски именик
• бесплатно делење сметка со пријатели
• и други практични опции што ја поедноставуваат комуникацијата со парите
Ова е уште еден доказ дека
Vibe On не е само банкарски производ. Со Vibe On, младите добиваат повеќе од услуга – добиваат поддршка на секој чекор кон својата самостојна и сигурна иднина.
(Комерцијална објава)