Грижата за здравјето, добрата храна, физичката активност или краткото кафе со друштво и со колеги од факултет по предавање не се „мали задоволства“, туку начин да се одржи рамнотежата во секојдневието. За младите, овие моменти значат повеќе од навика. Значат фокус, мотивација и потсетуваат дека животот не се сведува само на обврски.
Истото важи и за одлуките што нè носат чекор напред. Полагањето во автошкола и стекнувањето возачка дозвола се симбол на независност. Патувањата се начин да се собере искуство, да се прошират видиците и да се направи пауза од рутината. Инвестирањето во образование, академии или технологијата, пак, не е тренд, туку реална потреба за подобра подготовка за иднината.
Сите овие избори се реални, оправдани и неопходни. Вистинското прашање е: дали можат да бидат попаметно направени, односно дали може да го правиме истото, но по пониска цена?
Кога веќе седнуваш на ручек или на кафе, зошто да не добиеш попуст од, на пример, 10 проценти?
Ако веќе уплаќаш во автошкола, зошто тој чекор да не биде барем малку поевтин?
Ако планираш патување или вложуваш во фитнес и здравје, зошто да не ја искористиш можноста тоа да ти донесе заштеда, а не само трошок?
Сè повеќе млади сфаќаат дека паметното трошење не значи откажување од нешто, туку подобар избор во моментот кога трошокот веќе постои.
Vibe On клубот на Шпаркасе Банка е токму тоа – платформа наменета за млади што сакаат да трошат попаметно, без да се откажуваат од работите што им се важни.
Клубот е создаден за студенти и за млади луѓе што секојдневно купуваат храна и кафе, инвестираат во образование и академии, полагаат во автошкола, се грижат за своето здравје, патуваат, купуваат нова технологија или едноставно сакаат да го извлечат максимумот од својот буџет.
Влезот во овој свет на бенефиции е Vibe On портокаловата картичка – твојата карта за Vibe On клубот и клуч за сите попусти и поволности што те следат во секојдневието.
Преку попусти и бенефиции во различни области – од едукација, технологија и шопинг до храна, фитнес, здравје, автошколи и туристички агенции – Vibe On клубот не ја менува секојдневната рутина, туку ја прави поисплатлива.
На крајот, не станува збор за големи финансиски одлуки, туку за многу мали, секојдневни избори кои, кога се направени паметно, прават вистинска разлика. А токму таму, во тие избори, започнува вредноста на Vibe On клубот.
Сите активни попусти и бенефиции можат да се погледнат
тука. Списокот на места со попусти постојано се проширува, следејќи ги потребите и навиките на младите.
(Комерцијална објава)