X
 04.05.2022 Живот

„Ербиенби“ нуди сместување во скриена соба во „Мулен руж“ за еден долар

Платформата за сместување „Ербиенби“ нуди соба скриена во кабарето „Мулен руж“ во Париз. Собата е дизајнирана за да ги транспортира гостите во доцниот 19 век нудејќи поглед на она што се случува зад сцената.

Се добиваат и три оброци дневно, како и карти за настан во кабарето. Гостите ќе добијат и приватен балкон, како и автентични подароци. Сето ова може да го добиете за еден долар.



- Оваа тајна соба во познатата ветерница на кабарето беше дизајнирана за да ве однесе на автентично патување назад во времето за да ја доживеете француската престолнина на уметноста  - изјавил францускиот историчар Жан-Клод Јон.

Може да се резервираат три посебни ноќевања за најмногу 2 гости на одредени датуми во јуни. Резервирањето ќе почне на 17 мај овде.

Извор: Luxury launches
Насловна фотографија: Airbnb
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот