X
 03.08.2022 Живот

Дестинации кои им плаќаат на туристите за да ги посетат

Патувањата се едно од најголемите задоволства во животот, а многу луѓе стануваат номади и живеат за да патуваат. За студентите, финансиите често се пречка за реализација на соништата поврзани со патување. Но, треба да знаете дека постојат некои дестинации кои на одреден начин им плаќаат на некои туристи за да ги посетат.

Индија

Оваа земја е популарна дестинација за луѓе од целиот свет. Затоа вреди да се знае дека Индија има владин проект според кој на туристите кои ќе посетат над 15 места во земјата во текот на 2022 ќе им бидат вратени парите за патувањата.


Фото: Pixabay

Оние кои сакаат да ја искористат опцијата мора да докажат дека посетиле 15 дестинации и да објавуваат фотографии или видеа на социјалните мрежи, како кампања во која инсистираат и другите да го сторат истото.

Сицилија

Ова е еден од најубавите острови во Италија. Властите на островот им овозможуваат на туристите да се регистрираат и платат патување на Сицилија преку веб-страницата „Посети ја Сицилија“, барајќи ја иницијативата „Види ја Сицилија“. Со тоа се доделува 200 евра за авионски карти, а доколку резервирате преку веб-страницата ќе добиете и гратис ноќевање.


Фото: Pixabay

Париз

Иако не нуди поволности како покривање на авионски трошоци или трошоци за сместување, Париз нуди попусти на различни туристички активности. Оваа иницијатива ја промовира „Франс туризм“ и попустите може да се применат на активности како шетање покрај Сена, посета на музејот „Лувр“ со водич и друго.

Извор: Studenti
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот