Малата ледена доба траела без никој да биде свесен дека била во тек: нормално дека било студено, но постепеното опаѓање на температурите по неколку генерации се чинело нормално, а претходниот топол период потонал во заборав, во општество без метеоролошки институции.
Според академската конвенција, оваа доба траела од 16 до 19 век, иако некои научници сметаат дека започнала околу 1300 година и траела до 1850.
Националната опсерваторија на НАСА бележи три особено студени интервали: првиот започнал околу 1650, вториот околу 1770, а третиот околу 1850 година. Ова не било глобален настан, туку ја погодил само северната хемисфера, особено Европа.
Причините за овој студ и понатаму се во фаза на шпекулирање: цикличен пад на сончевото зрачење, зголемена вулканска активност, промени во океанската циркулација, варијации во орбитата и осцилациите на Земјата, вродена променливост на глобалната клима, драматичен пад на бројот на населението поради „црната смрт“ и други епидемии, како и масакрот што го вршела војската на Џингис-хан. Ова се само некои од објаснувањата.

Фото: Wikimedia / Johann Philipp Lemke
Ефектот врз животот на луѓето и општеството бил повеќе од интересен, а особено долгорочниот ефект.
На почетокот на 14 век, Балтичкото Море двапати се замрзнало, во 1303 и 1306 година, додека на Алпите ледените покривки се зголемувале и ги голтале селата и фармите. Каналите и реките во Велика Британија и Холандија редовно биле замрзнати.
По триесетгодишната војна (1618—1648) се случил еден од најневеројатните воени подвизи во историјата - шведската војска во 1658 година пешки го преминала замрзнатиот Голем Појас и извршила инвазија на Данска, напаѓајќи го Копенхаген. Овој подвиг на Карл X Густав завршил со територијална катастрофа за Данска, додека ја проширил Шведска до нејзините современи граници.
Токму во тоа време се случила т.н. општа криза, со „најлошата деценија во историјата на светот“, кога сè горело, од Англија до Кина.

Фото: Wikimedia/National Museum in Warsaw
Во втората половина на 18 век популацијата на Исланд се преполовила бидејќи мразот се протегал со километри околу островот и ги затворил сите пристаништа, предизвикувајќи масовен глад. Слична била ситуацијата и со Гренланд, најголемиот остров на светот, кој бил отсечен од околу 1410 до 1720 година.
Како резултат на разорното дејство на екстратропските циклони (првиот се случил во средината на јануари 1362 година, но биле присутни и подоцна), делови од данскиот, германскиот и холандскиот брег биле засекогаш изгубени бидејќи биле проголтани од морето.
Овој период не бил лош за Холанѓаните, кои се покажале како најинтелигентен, најприспособлив и највешт народ во тоа време, па се смета дека тие услови им овозможиле да ја постигнат својата златна ера. Така нивните трговци највешто го искористиле пропаѓањето на жетвите, нивните морнари ги менувале образците на движење на ветровите, додека нивните изумители развивале технологии кои им дозволиле да профитираат на студеното време.
Извор:
Фото: Wikimedia/Hendrick Avercamp/Rijksmuseum