X
 04.06.2025 Здравје

Најдобрите положби за медитација за лица со АДХД

АДХД е развојна состојба на мозокот со симптоми како што се невнимание, хиперактивност или импулсивност. Луѓето со АДХД може да се борат со самоконтрола, како и да доживеат анксиозност, депресија, неуспех и ниска самодоверба. Овие симптоми може да се ублажат со холистички пристап, на пример, намалување на стресот и когнитивна терапија.
Овие практики ги поттикнуваат пациентите да обрнат внимание на сегашниот момент. Сепак, тие вклучуваат медитација и потребно е седење во одредени пози, што може да биде предизвик за пациентите со висока тенденција за АДХД.

За да се реши ова, истражувачи предводени од д-р Ајано Фукуичи од Истражувачката организација за отворени иновации и соработка при Универзитетот „Ритсумеикан“, Јапонија, заедно со проф. Вакита и проф. Генџи Сугамура од Универзитетот „Кансаи“, ја испитувале леснотијата на медитирање во различни пози.


- Иако се смислени програми за свесност за пациентите со АДХД, постојат предизвици во однос на медитацијата. За да го надминеме ова, истраживме различни пози кои можат да ги прифатат и пациентите со високи и ниски тенденции за АДХД за лесно изведување медитација без потреба од специјални алатки - вели д-р Фукуичи.

Во оваа студија, учесниците биле поделени во четири групи: комбинирани, хиперактивни/импулсивни, невнимателни и без тенденции за АДХД. Потоа од нив било побарано да изведат медитации за скенирање на телото со исправено, спуштено, навалено седење и лежечка положба и да одговорат на прашалник. За да ги проценат нивните одговори на различни пози за време на медитацијата, истражувачите развиле скала за поттикнување на реакциите на свесност (МЕРС) и скала за обесхрабрувачки реакции на свесност (МДРС).

фото извор: Универзитет „Ритсумеикан“, Јапонија

Истражувачите велат дека учесниците со тенденција за хиперактивност/импулсивност откриле оти медитацијата за скенирање на телото е предизвикувачка во наведната положба и полесна за изведување во лежечка и исправена поза. Овие наоди покажуваат дека луѓето со тенденција за хиперактивност/импулсивност треба да усвојат исправени или лежечки пози за полесно изведување на медитација.

Дополнително, скалите МЕРС и МДРС развиени во текот на студијата може да им помогнат на психијатрите, психотерапевтите и другите здравствени работници да ги одберат најдобрите техники за медитација кај луѓето со различни психолошки профили.

- Нашата студија е првата што разви скала за процена на леснотијата или тешкотијата на практикување медитација. Генерално, наодите од нашата студија ги истакнуваат важните размислувања за практикување медитација за луѓето со АДХД за да си го подобрат квалитетот на животот - заклучил д-р Фукуичи.

Извор: medicalxpress.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје