04.07.2017
Наука
Ќе можете ли да преживеете на Марс?
Во последно време многу често се дискутира за испраќање луѓе на Марс. Тој потфат можеби ќе биде изведен во наредната деценија.
Но, што е потребно за да се оди на Црвената Планета? Астронаутите се специјално тренирани за да можат да издржат 3g сили (тоа е 3 пати Земјина гравитација), но некои луѓе можат да ја изгубат свеста од притисокот.
Без заштитните атмосферски костими ќе се соочите со ефектите од Сончевата радијација, а со тоа се изложувате на ризик од добивање рак и оштетување на централниот нервен систем.
Патот до Марс трае 150 дена во мало вселенско летало. Притисокот и микрогравитацијата предизвикуваат главоболки, слепило и бавно варење на храната. Астронаутите генерално губат по 1 процент од густината на коските месечно поради микрогравитацијата, па за да ја одржат, секојдневно вежбаат по 2 часа.
За повеќе детали погледнете го видеото.
Подготвил: Маја Пероска