Туристичката агенција „Ултимејт Будапест“ ќе им плати на група млади лица што користат „Инстаграм“ и „Тик-ток“ да ја посетат Будимпешта и да се забавуваат.
Одбраните кандидати ќе треба да ги документираат своите искуства на социјалните мрежи. Станува збор за иницијатива која има цел да ја промовира Будимпешта како место со добар ноќен живот.
Агенцијата ќе им плати на младите еднократен надомест од 1.000 евра, а ќе им бидат покриени и патувањето, сместувањето и туристичките тури и активности.
Фото: Pixabay
Потребно е да се испрати мотивациско писмо од 100 збора и линкови до профилите на социјалните мрежи. Потоа ќе треба да се направи видео за „Тик-ток“ во кое ќе се покаже креативноста на кандидатите. Најуспешните ќе бидат повикани на интервју.
Пријавувањето трае до 20 февруари, а сите информации може да се најдат
овде.
Извор:
Studentski
Фото: Pixabay