X
 04.09.2018 Култура

Мора да го извадите слепото црево за да живеете во ова село

Замислете да морате да го отстраните вашето слепо црево за да живеете во вашиот град - а истото мора да го направи и вашето семејство.

Ова е единствената опција за жителите на Вилас Лас Естрела - дури и за децата. Оваа област е една од малкуте на Антарктикот каде што живеат луѓе. Отстранувањето на слепото црево е неопходна мерка на претпазливост за неколкумина што остануваат на подолг рок бидејќи најблиската поголема болница е над 1.000 километри оддалечена. Има само неколку доктори, а ниту еден од нив не е специјализиран хирург.

Додека населбата со околу 100 луѓе главно е населена од научници и персонал од воздушните сили или морнарницата на Чиле, оние што се на долгорочен престој од војската ги носат и своите семејства. Во селото има пошта, мало училиште, банка и други основни објекти.

пошта
Фото: BBC/Поштата во Вилас Лас Естрела


Каков е животот таму?


На самиот почеток гледате знак за добредојде, заедно со стрелки што ги покажуваат далечните градови, за да ве потсетат колку е далеку другата цивилизација: Пекинг, 17.501 километар. Животот во ова село е најприближно до искусувањето живот на друга планета.

Средната годишна температура е -2,3 степени, што всушност е потопло од копното на Антарктикот.

Семеен живот


Серхио Кубилос Алварадо е чилеански командант на претседателот Едуардо Фреи Монталва, базата на воздухопловни сили. Алвардо живее таму со својата сопруга и синот повеќе од две години. Додека неговото семејство повремено се враќа во Чиле, тој престојува во селото цело време.

2
Фото: BBC/Училиштето во селото


Времето знае да биде тешко.

- Оваа зима не можевме да го напуштиме домот со недели. Температурата беше -47 Целзиусови степени - вели тој.

Сепак, додава дека неговото семејство се приспособува и ужива во авантурите.

Децата во ова село го посетуваат малото училиште, иако често снегот ги попречува во тоа. Иако условите можат да бидат тешки, жителите на Антарктикот доживуваат ретко искуство - се разбира, без нивното слепо црево.

4
Фото: BBC/Црквата во селото

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура