X
 24.01.2025 Култура

Најдобрите филмови што никогаш не добиле „Оскар“

Академијата за филмски уметности честопати знае да направи големи грешки, па така низ годините сме имале многу добри филмови што не успеале да стигнат ни до номинација, а камоли до „Оскар“.

Во продолжение е листа со филмови кои и покрај тоа што оставија белег во историјата на кинематографијата, не успеаја да добијат „Оскар“.

„Градски светла“ (1931)



30-тите години беа време на транзиција во Америка, кога во филмовите конечно почнаа да се користат дијалози, а Чарли Чаплин, иако беше апсолутна икона и синоним за раната кинематографија, беше дел и од деценијата која достигна целосна уметничка зрелост со снимањето на „Градски светла“, а потоа и „Модерни времиња“, кои останаа без номинација.

Почесен „Оскар“ му беше доделен подоцна.

„Граѓанинот Кејн“ (1941)




Вечниот носител на титулата најдобар филм не доби статуетка во таа мрачна 1941 година. Иако контроверзен, славен, признат и номиниран, овој филм до ден-денес има влијание врз генерациите млади кинематографери.

„Булевар зајдисонце“ (1950)



Многу е тежок изборот во 50-тите години бидејќи, да речеме, „12 лути мажи“, миленик на IMDb-публиката, исто така не доби „Оскар“ иако имаше 11 номинации.

„2001: Вселенска одисеја“ (1968)




Ова не е избор на деценијата, ова е избор за цел 20 век. Дотогаш, во Америка или во светот не беше снимен филм кој би можел да му парира на овој, а да не испадне смешен.

Да не споменуваме од кого загуби на доделувањето на „Оскарите“ во 1968 година. Со овој филм Кјубрик го достигна самиот врв што може да го достигне седмата уметност.

„Апокалипса сега“ (1979)



Најголемата траума на Америка во 70-тите години, а со тоа и најголемата траума рефлектирана во познатите филмови во тој период, беше Виетнам. На Холивуд му требаа неколку години да собере сила за конечно да ги напушти размислувањата и метафорите и да погледне директно во срцето на темнината. Победата на „Крамер против Крамер“ ќе беше полесно прифатлива ако беше во 1978 или 1980 година, но „Апокалипса сега“ едноставно ја заокружи својата деценија во секоја смисла.

„Терминатор“ (1984)



„Терминатор“ е еден од симболите на неговата ера и еден од најдобрите 10 филма од 80-тите години. Денес, Академијата со леснотија ги номинира „Аватар“, „Топ ган“ или „Црниот пантер“, кои произлегуваат од истиот жанр, па едноставно не е јасна оваа неправда.

„Евтини приказни“ (1994)



Во 1994 година се случи огромна неправда со крунисувањето на „Форест Гамп“, а не на „Евтини приказни“. Стилот што овој филм го има не може ниту да се имитира ниту да се повтори. Сликата на Ума Турман испружена на кревет со магазин под раката е клучен визуелен изглед на 90-тите, повеќе и од Нео, Хелена Бохам Картер и повеќе од Том Хенкс. Но, како што може да се забележи, академците не ја почувствуваа суштината на филмот на вистински начин.

„Мулхоланд драјв“ (2001)



Поминаа 25 години и до ден-денес не може да се најде ривал или рамноправен филм во однос на инвентивноста, смелоста на визијата, реализацијата и атмосферата. Тоа беше врвот во кариерата на Дејвид Линч.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура