Славниот италијански моден дизајнер Џорџо Армани почина на 91-годишна возраст, објавија од „Армани Груп“.
Армани е признат за децениската работа со која вметна совршена италијанска естетика во облеката, како и за тоа што ги крена холивудските црвени теписи во нови височини.
Во сегашниот пејзаж на луксуз, во кој доминираат конгломерати, Армани беше еден од ретките дизајнери кој остана единствениот акционер во неговата компанија, пишува Си-ен-ен.
Засега нема очигледен наследник на бизнисот, кој лани беше проценет на 8 до 10 милијарди евра од страна на аналитичарите од „Блумберг интелиџенс“.
Извор:
CNN
Фото: Instagram (screenshot)