X
 04.10.2023 Живот

Влада: Да се отстранат ѓубриштата, да се направат хранилишта, да се дислоцираат мечки од Маврово и Ростуше

Владата на вчерашната седница ги разгледа превентивните мерки за зголеменото присуство на мечки во Општина Маврово и Ростуше, предложени од страна на надлежните министерства - Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - и беше изразено очекување за ефикасна примена на мерките.

Така, во најкраток рок треба да бидат отстранети сите помали и поголеми ѓубришта што се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, а кои ги привлекуваат мечките. За таа цел, локалната самоуправа, во соработка со Јавната установа Национален парк Маврово, согласно нивните надлежности, треба да пристапи кон решавање на прашањето, со цел навремено чистење на сметот (дивите депонии) од сите населени места, како и од локалните патишта.

- Со утврдените превентивни мерки е предвидена и контрола на сите придружни објекти во кои се чува храна, а кои може да бидат лесно достапни и се во близина на местото на домување; затворање со соодветна безбедносна метална ограда на сите места за одлагање комунален отпад; обезбедување посебни хранилишта за мечки надвор од населени места; обезбедување на имотите, посебно на местата каде што се чува добиток, пчели и друго, со стандардизирана опрема со електричен напон; успивање и дислоцирање мечки, во соработка со државни органи и научни институции; употреба на превентивни средства за заплашување и одвраќање, како и организирана употреба на средства за заплашување на мечките - се наведува во соопштението на Владата.

Понатаму се додава дека неопходните превентивни мерки, како што е соопштено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, се предложени и преземени во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на тоа што кафеавата мечка (Ursus arctos), согласно Законот за ловство, е вид за кој е пропишана трајна забрана за ловење.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот