X
 02.10.2017 Култура

Овие лудории се прават само во Русија


Русија е најголемата земја во светот, каде што живее популација од 147 милиони луѓе. Таму се и Црвениот плоштад, Ленин и Бајкалското Езеро. Првата асоцијација што се поврзува со името на оваа земја е Владимир Путин. Русија е земјата што го испрати првиот човек во вселената, но и земјата што поседува огромни количини нафта. Но, при посетата на оваа држава ќе можете да откриете и многу други извонредни нешта кои се карактеристични за неа.

1.    Русите пијат сок од дрвјата

Така е, и тоа уште од најрана возраст. Сокот од бреза е еден од најпопуларните руски традиционални пијалаци, така што Русите добро го препознаваат вкусот на брезите. Оваа традиција потекнува од страта Русија исто како и квасот, пијалак што се добива со ферментација на црн или ’ржан леб, изворска вода и растенија, кои се користат за правење вино. Сокот од бреза се собира од март до крајот на април, кога се топи снегот. Се прави дупче со длабочина од два сантиметра директно во кората од дрвото и во него се вметнува цевче, чиј крај завршува во тегла. Едно дрво од бреза дневно може да даде до два-три литри сок. Важно е на крајот дупката на кората добро да се затвори, па така дрвото нема да претрпи никаква штета. Сокот од бреза е многу здрав бидејќи содржи многу хранливи материи. Се смета дека е добар за срцето и за крвните садови, како и дека помага против инфекции и кариес.

Пиење сок од бреза
(Фото: Legion media)

2.    Русите живеат во темнина и до шест месеци

Можете ли да замислите ноќ која трае од шест недели до шест месеци? Тоа е реалност за стотици илјади луѓе во Русија. Во градовите што се наоѓаат над Северниот поларен круг, поларната ноќ, исто како и поларниот ден, може да трае многу долго. Речиси 178.000 луѓе живеат во Норилск, град оддалечен 2.881 километар од Москва, еден од најсеверните и најстудените градови на светот. Температурите под нулата траат 280 дена во годината, а лето нема. Храната е скапа и не е свежа затоа што се доставува од далеку. На прв поглед би можело да се заклучи дека станува збор за нечовечки услови за живот, но во Русија ниските температури не се причина за грижа. Многу луѓе ги сакаат долгите зими и температурите од минус 30 Целзиусови степени затоа што забавата во текот на зимите е поголема во споредба со „летните“, кои речиси и не постојат. Во текот на зимата луѓето уживаат во поларната светлина, се занимаваат со зимски спортови, дури и организираат зимски забави на плажите.



3.    Русите имаат 118 слободни дена во годината

И покрај долгите зими, Русите не паѓаат во депресија и не пијат вотка секој ден. Сакаат да се забавуваат, и тоа многу. Знаете ли колку слободни денови имаат на располагање во текот на годината? Вкупно 118! Никој на светот не слави толку празници. И тоа не сметајќи го годишниот одмор. Тешко е да им се објасни на странците значењето на деветте слободни дена за новогодишните празници и зошто Русите ја слават Новата година двапати – според стариот и според новиот календар. Или, зошто некои Руси ја прославуваат Новата година дури 11 пати – по еднаш за секоја временска зона во земјата. Само заради забава. Ете зошто. Градоначалникот на Уљановски дури измислил нов празник – Ден на зачнувањето (12 септември), па како резултат на ова прославување наталитетот во јуни двократно се зголемил.

4.    Играат луд руски голф

Што ако сезоната за голф во Русија трае само пет месеци, а овој спорт станува сè попопуларен? Очигледно е дека голфот во Русија се игра во текот на сите годишни времиња и во сите временски услови. Русите играат голф на снег, а воедно постои и една поегзотична верзија на играта која се вика хеликоптерски голф. Натпреварите во хели-голф се одржуваат секоја година. Пилотот, навигаторот и играчот од хеликоптер се обидуваат да ја спроведат огромната топка низ разни препреки, за најкратко можно време. Играта не е толку брза, но е многу смешна за гледање. Луѓето овде веруваат дека долгите зими не се причина да заборават на стаповите за голф.



5.    Русите си честитаат меѓусебно после туширање или сауна

Ние не сме навикнале некој да ни честита после туширање или долго лежење во када. Тоа е можно само во Русија. „Се надевам дека уживаше во пареата“, велат Русите, буквално честитајќи го доброто бањање. Тоа е вообичаено кај нив уште од стари времиња, кога постоеле само јавни бањи. Но, тогаш постоела можност човек да се затруе со јаглероден моноксид, така што честитките тогаш имале смисла. Денес луѓето го кажуваат истото, но од навика, и тоа го прават сосема искрено.

6.    Веруваат дека величината е многу важна

„Што поголемо, тоа подобро“. Русите се луди по гигантски работи. Во Русија ќе ги најдете највисоките европски градби, најголемите европски трговски центри, најголемата подморница на светот, најдолгата железничка пруга, најголемата продавница за детски играчки во Европа, и до неодамна, највисокиот и најдолгиот висечки мост на светот. Направиле и најголем „спинер“ на светот, кој навистина се вртел! Кога ќе одите на посета кај руски пријатели, бидете подготвени дека ќе ве пречекаат со  маса преполна со храна и пијалаци.

7.    Сè уште се возат во тролејбуси

Оваа мешавина од автобус и трамвај и натаму е популарно превозно средство во Русија. Многубројни европски и постсоцијалистички земји се откажаа од ова технолошко „чудо“, но не и Русите, бидејќи евтината струја овозможува и натаму да се користат. Во руските тролејбуси денес има достапен интернет, затоа што повеќето имаат инсталирано Wi-Fi уреди.

8.    Го делат својот дом со мечки

Најпопуларните стереотипи за Русите имаат извесна основа. Иако „не држи вода“ тврдењето дека секој Русин држи мечка во својот стан, тоа сепак се случува. Властите долго време се обидувале да го забранат држењето мечки во домовите како куќни миленици, но во практика тоа и натаму е легално. Сопствениците добродушно ќе ги поткренат рамениците и ќе ве уверат дека мечката е пријателски расположена и дека нема да ви наштети. Ќе им поверувате или не? Сепак, ако забележите некој мечок како се шета по патот, најпаметно е да не му се приближувате.



9.    Ни еден ден без супа

Просечниот Русин не може да живее без супа. Затоа, немојте да бидете изненадени ако некој ве повика на гости каде што ќе ве чека голем лонец со чорба. Најверојатно, боршч. Супите се вообичаени за време на ручекот, а најдобри се како предјадење. Исто така, вообичаено е ручекот да се состои само од супа, која се служи со леб и сало.

10.    Во Русија има луѓе што јадат рогови од елен и играат со клунови од птици

Во Русија живеат повеќе од 200 различни етнички групи. На пример, на далечниот север, во тундрите живеат автохтони Ненци, а ги има околу 30.000. Тие изработуваат шатори од кожа од ирваси, јадат рогови од млади ирваси, а како деца си играат со птичји клунови. Живеат номадски живот. Децата на Ненците одат на училиште во хеликоптери.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура