X
 04.10.2025 Живот

Ова е најгледаниот психолошки трилер на „Нетфликс“ во моментот

Корисниците на „Нетфликс“ имаат нов фаворит на својата топ-10 листа, а овој пат станува збор за шпанската серија „Анџела“ (англ. Angela), адаптација на британскиот трилер „Анџела Блек“.

Серијата премиерно се емитуваше во Шпанија минатата година, а од 26 септември е достапна и на „Нетфликс“. 

Содржина на серијата

На прв поглед, животот на Анџела изгледа совршено: хармоничен брак, семејство и стабилен дом. Сепак, зад затворените врати се крие мрачна вистина: нејзиниот сопруг Гонзало е насилен и манипулативен партнер. Секоја нивна интеракција се движи на работ на експлозија, додека Анџела се обидува да ја одржува нормалноста.

Сè се менува кога во нејзиниот живот ненадејно се враќа Еду, познајник од средношколските денови. Неговото доаѓање активира лавина од скриени тајни и ја става Анџела пред прашањето: Дали бегството од насилниот однос вреди за ризикот што го носи?

„Анџела“ е трилер во кој напнатоста се гради постапно, преку детално разработување на ликовите и атмосферата. Монтажата и режијата на Норберто Лопез Амадо дополнително ја истакнуваат психолошката тежина, а избраните локации за серијата ѝ даваат впечатлив визуелен идентитет.

Првата епизода завршува со шокантен пресврт кој го менува текот на приказната, оставајќи ги гледачите „залепени“ за екранот.

Зошто вреди да се гледа?

„Анџела“ не е само трилер со непредвидливи пресврти, туку и реалистичен приказ на животот на жена заробена во насилен брак. Токму поради тоа, серијата е вознемирувачка и потресна, но токму тоа ја прави убедлива и моќна. Критичарите истакнуваат дека станува збор за мрачна и вознемирувачка серија, но и доста интригантна.

 

Извор: Nova.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот