X
 25.11.2020 Култура

Од „Вовед во анатомија“ до „Ова сме ние“: Коронавирусот се вовлече и во ТВ-сериите

Од медицинската серија „Вовед во анатомија“ до семејната серија „Тоа сме ние“, коронавирусот влезе во заплетот на многу епизоди во 2020 година.

Во првите сцени од најновата сезона на болничката драма „Вовед во анатомија“, Меридит Греј ужива во моментот на осаменост на плажа и одеднаш се буди исцрпена во итната помош опремена со целосна заштитна опрема.

- Мислам дека имаме обврска да покажеме низ што минуваат здравствените работници - вели ѕвездата што ја глуми Меридит Греј, Елен Помпео.

Во време кога многу луѓе се иритирани од носењето маски и не се свесни за предизвиците со кои се соочуваат болниците, најновите епизоди на „Вовед во анатомија“ покажуваат колку им е тешко на здравствените работници, додава Помпео.

Дајан Фролов и Ендру Шнајдер од серијата „Чикаго Мед“ велат дека како серија за болница, знаеле дека мора да ја споменат пандемијата.

- Таа игра улога, ако не директна, тогаш споредна, во секоја од нашите нови епизоди - велат Фролов и Шнајдер за шестата сезона на серијата, чија премиера беше на 11 ноември.

- Дури и кога не се занимаваме со пациенти со Ковид-19, вирусот значително ги промени протоколите и процедурите во болницата - додаваат тие.

И медицинската серија „Добриот доктор“ исто така се занимава со вирусот, а „Нов Амстердам“ и „Специјалист“ се подготвуваат да го направат тоа во 2021 година. И други серии со болници исто така го вклопиле коронавирусот во епизодите.

Една од сериите што не е медицинска е „Тоа сме ние“ и во неа член на семејството Пирсон оди во изолација, а главата на семејството Ребека, поради коронавирусот, мора да го одложи клиничкото испитување поврзано со Алцхајмеровата болест.

Серијата „Конерс“ се занимава со пандемијата низ призма на финансиските проблеми на протагонистите и спротивставените табори во американското општество околу примената на епидемиолошките мерки.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура