X
 08.05.2023 Култура

Новата необична серија „Порота“ ги освои социјалните мрежи

Нова американска серија која на малите екрани пристигна на почетокот од април ги воодушеви гледачите. Станува збор за серијата „Порота“ (Jury duty), која ја следи поротата на едно судење преку очите на еден од поротниците, Роналд Гладен.

Серијата крена голема прашина поради интересниот начин на снимање. Роналд не е свесен дека станува збор за серија и целиот случај е лажен, а сите околу него се актери. Инспирацијата за серијата потекнува од популарната серија „Канцеларијата“ (The office).

- „Порота“ се создаде со прашањето дали е можно да се направи серија како „Канцеларијата“, да се наполни со брилијантни комедијанти и да се стави главната личност во центарот на серијата, а не знае дека е опкружена од актери? - објасни извршниот продуцент на серијата, Тод Шулман.

Во серијата се појавува и познато актерско лице Џејмс Марсден, кој се игра себеси. Првата сезона има осум епизоди, а уште не е најавена втора сезона.


Извор: Studentski
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура