X
 04.11.2017 Живот

Најкраткиот научен труд - ќе го прочитате во еден здив

Колку и да е тешко да се чита научен труд, преполн со академски жаргон, сигурно дека е уште потешко да се напише. Тоа можеби најдобро го знае клиничкиот психолог Денис Апер. Неговиот научен труд од 1974 година е најлесниот што некогаш ќе го прочитате. 

Во тој период, Апер се соочил со комплетна блокада кога сакал да го напише научниот труд. Решил да го примени научниот метод во врска со овој проблем за да види дали може самиот да го третира. За жал, тоа значело борење со блокадата преку пишување за тоа. Но, не му успеало. Неговото дело „Неуспешниот самотретман во случај на писателска блокада“ е сосема празен лист, освен насловот, референците и коментарите од рецензентот. Студијата била објавена во 1974 година и се смета за официјално најкраткиот научен труд што некогаш бил објавен.

Коментарите се секако најинтересните во овој случај. Анонимниот рецензент напишал: „Го проучував овој ракопис многу внимателно со џус и х-зраци и не пронајдов ниту една маана ниту во дизајнот ниту во стилот на пишување. Предлагам да биде објавен без ревизија.“

Апер не е единствениот што објавил вакво кратко дело. Труд од 1966 г. е најкраткиот извештај што е објавен во математичко списание и се состои од само две реченици.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот