X
 04.11.2022 Живот

Многу продолжени викенди идната година - ова се неработните денови за 2023

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2023 година. Нè очекуваат многу продолжени викенди.

Во продолжение погледнете кои се неработните денови за идната година.

За сите граѓани на Македонија
• 1 јануари (недела), Нова година, 2 јануари (понеделник) е неработен ден
• 7 јануари (сабота), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
• 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 21 април (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 1 мај (понеделник), Ден на трудот,
• 24 мај (среда) Св. Кирил и Методиј - Ден на сесловенските просветители,
• 2 август (среда), Ден на Републиката,
• 8 септември (петок), Ден на независноста,
• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,
• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба
• 8 декември (петок), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од православна вероисповед
• 6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божиќ,
• 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици),
• 14 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,
• 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
• 10 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,
• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 28 јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во Македонија
• 22 ноември (среда), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во Македонија
• 27 јануари (петок), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во Македонија
• 8 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во Македонија
• 23 мај (вторник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во Македонија
• 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во Македонија
• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во Македонија
• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот