X
 04.05.2023 Култура

Најдобрите акциони филмови кои излегуваат оваа година

Оваа година се закажани премиери за многу возбудливи акциони филмови во кои глумат ѕвезди како Адам Драјвер, Кијану Ривс и Крис Пајн. Во продолжение е листа на филмови кои публиката со нетрпение ги очекува.

„65“



Научно-фантастичен филм за пилот чиј авион се урива, а тој открива дека слетла на Земјата 65 милиони години пред денешен ден. За да се врати во сегашноста и да преживее, мора да помине опасен терен (веројатно диносаурусите).

„John Wick: Chapter 4“



Кијану Ривс се враќа како непобедливиот убиец Џон Вик во четвртиот дел од популарната акциона франшиза. Во новиот филм, Вик мора да се соочи со нови и стари непријатели.

„Dungeons and Dragons: Honor Among Thieves“



Ако сакате полесен акционен филм, погледнете го токму овој во кој главните улоги ги толкуваат Крис Пајн, Мишел Родригез, Џастис Смит и Хју Грант. Авантуристичката коемдија е базирана на познатата друштвена игра „Зандани и змејови“ и следи група крадци кои стануваат херои во борбата против злобниот непријател.

„Fast X“

Овој филм е еден од најочекуваните акциони филмови во 2023 година. Станува збор за продолжение на „Брзи и бесни“, со Вин Дизел во главната улога.

„Transformes: Rise of the Beasts“




Во трејлерот за новото продолжение, во филмот се појавува сребрено „Порше 911“, „Шевролет камаро“, „Нисан скајлајн“. Оптимус Прајм ја задржува својата форма на камион. Дејството на филмот се случува во 1994 година, а премиерата е закажана за 9 јуни.

„Indiana Jones and the Dial of Destiny“




Харисон Форд се враќа во петтиот филм од франшизата за Индијана ЏОнс. Познатиот авантурист и археолог се занимава со нацистите во средината на вселенската трка во 60-тите. Филмот треба да биде последното појавување на Форд во улога на Индијана Џонс.

„Mission Impossible: Dead Reckoning Part Onе“



Том Круз се враќа во седмиот филм од акциониот серијал. Очекувано, Круз ќе ги искористи сите способности и самиот ќе изведува акробации, па филмот дефинитивно вреди да се чека.

„Last Voyage of the Demeter“



Базиран на едно поглавје од „Дракула“ на Брам Стокер, овој филм ја следи осудената екипа која се бори за опстанок против непослушниот патник Дракула.

„Gran Turismo“



Љубителите на спортот и видеоигрите ќе уживаат во овој филм за полнолетството базиран на вистинска приказна за играч на видеоиграта „Гран Турисмо“ кој сонувал да стане возач на тркачи автомобил.

„Dune: Part Two“




Долгоочекуваното продолжение на овој филм ќе врати голем дел од актерската екипа од првиот филм. Филмот ќе ја опфати втората половина од познатиот роман „Дина“ на Френк Херберт.

„The Hunger Games: The Ballad of Songbirds and Snakes“



Оваа година ќе се појави спин-оф од филмот „Игрите на гладните“ со Том Блит, Хантер Шафер, Рејчел Зелгер, Вајола Дејвис и други актери во главните улоги. Филмот ја следи десетгодишнината од Игрите на гладните, 64 години пред дејствијата од првиот филм. Луси го претставува сиромашниот Округ 12, а 18-годишниот Кориоланус Сноу е нејзин ментор. Неговите ставови во овој филм се значително различни, децении пред да стане тиранин на Панем.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура