Брзото одење наскоро ќе биде забрането во Словачка поради промена на законот со која се спречуваат несреќи на тротоарите. Ако сакате да го почитувате законот во Словачка, не смеете да одите побрзо од 6 километри на час.
Словачкиот парламент го усвои изменувањето на сообраќајниот закон со кое во урбаните подрачја се воведува максимално дозволена брзина на движење по тротоарите: 6 км/ч.
Ограничувањето важи за пешаци, велосипедисти и возачи на скутери и електрични тротинети, сите што имаат право да го користат тротоарот, а целта е спречување судири.
- Главната цел е зголемување на безбедноста на тротоарите, со оглед на сѐ поголемиот број судири со возачи на тротинети - изјави авторот на амандманот Љубомир Вајзни од левичарско-популистичката партија.
Амандманот, како што вели пратеникот, ќе биде корисен за докажување на прекршоци, особено во случаите кога е потребно објективно утврдување дали некој се движел побрзо од брзината што се смета за соодветна во зони предвидени за пешаци.
Иако законот ќе стапи во сила на 1 јануари 2026 година, поддржувачите сè уште немаат објаснето како планираат да го спроведуваат.
Просечната брзина на одење обично се движи помеѓу 4 и 5 км/ч. Сепак, според податоците на Британската фондација за срце, темпо од 6,4 км/ч се смета за умерено за лице со извонредна физичка кондиција.
Опозицијата ја критикуваше оваа промена, а дури и словачкото министерство за внатрешни работи оцени дека би било посоодветно да се забранат електричните тротинети на тротоарите отколку да се воведе општо ограничување на брзината.
Мартин Пекар од опозициската либерална партија Прогресивна Словачка рече дека пешаците ги загрозуваат автомобилите, а не велосипедистите или возачите на тротинети, и дека амандманот казнува одржливи форми на транспорт.
- Ако сакаме помалку судири, потребни се повеќе безбедни велосипедски патеки, а не апсурдни ограничувања кои физички е невозможно да се почитуваат. При споменатата брзина, велосипедистот тешко може да ја одржи рамнотежата - изјави Мартин Пекар од опозициската партија „Прогресивна Словачка“.
Извор:
bizlife.rs
Фото: Pixabay