X
 04.12.2020 Образование

Oбразование што ќе ти го промени животот и ќе ти ги отвори вратите кон бесконечни можности за раст и успех – AUBG

Пријателска, енергична и разновидна заедница која те охрабрува да го откриеш своето вистинско јас. Менториран и поддржуван од извонредни професори кои ќе те водат низ твоето патување.

Големо интернационално студентско тело со студенти од над 40 земји и пристап до непречени услуги, вклучувајќи сместување, јадење, здравство, советување, кариера и безбедност. Уживајте во најдобрите студентски објекти во регионот.

Најсовремениот кампус е сцена за ригорозно учење, но исто така и за разни студентски активности надвор од училниците: отворени дискусии и конференции, студентски владини состаноци, уметност, театар, спорт, добротворни кампањи и многу повеќе. Придружи им се на своите истомисленици и избери еден или повеќе од десетиците клубови, активности и настани што одговараат на твојот интерес и талент!

Студирај со стипендија и стекни се со диплома со двојна акредитација (EU & USA диплома). Избери од широкиот спектар на академски активности и студирај две насоки истовремено учејќи од извонредни професори од целиот свет по Liberal art образовниот систем, кој овозможува блиска комуникација со професорите, флексибилни распореди и индивидуални програми и онлајн-образование од далечина кога ќе се случи неочекуваното. Плус, достапна е и можноста за  размена во над 300 дестинации во Европа и во Америка.

АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА СТИПЕНДИЈА најдоцна до:

1 март 2021 година (early admission) и
1 јуни 2021 (regular admission)

директен ЛИНК до апликацијата

slika

ВАЖНО:
За апликантите што не поседуваат меѓународен тест за познавање на англиски јазик, АУБГ обезбедува и можност да полагате бесплатен институционален тест за познавање на англиски јазик со поднесување на апликацијата и регистрација најдоцна до 20 декември 2020. Провери дали ги исполнуваш условите за полагање на бесплатниот институционален тест за познавање на англиски јазик и регистрирај се за истиот на ОВОЈ ЛИНК.

Нашите алумни денес се успешни приказни. Утре ТИ можеш да бидеш еден од нив.
Прочитај го интервјуто на една од нашите многубројни успешни алумни од Македонија- Бисера Савоска, Студент на Бизнис администрација и Fine Arts на AUBG (‘12), која сега е основач и извршен директор во Савион Реј, во Брисел.

Бисера ќе каже: „Моите студии на маркетинг и театар на крајот ме научија како да го привлечам вниманието на публиката, што е клучна вештина во областа во која работам сега. Без тоа не би можела да ја создадам мојата компанија за комуникации”.

Интервјуто на Бисера во целост можете да го најдете на ОВОЈ ЛИНК.

Доколку сакаш да дознаеш повеќе детали и да се увериш зошто AUBG е вистинскиот избор за тебе, пополни ја ОВАА АПЛИКАЦИЈА а ние ќе те известиме директно на твојата е-адреса за сите претстојни настани што ги организираме:

Следни настани:

• секоја недела предавања на разни теми од нашите извонредни професори, за што ќе добиете и потврда, електронски сертификат за присуство;
• На 09.12.2020 во 17 ч ќе имаме зум-средба со нашиот алумни Филип и нашите студенти Климент и Мартин, на која можеш да ни се приклучиш, да го слушнеш нивното искуство и да ги поставиш твоите прашања директно до нив;
• И исто така можеш да ги контактираш нашите студенти директно на ОВОЈ ЛИНК.
• Во живо и онлајн отворен ден на AUBG
•како и разни натпревари за средношколци.
 
Повеќе информации за самиот универзитет и начинот на аплицирање можеш да добиеш на: admissions@aubg.edu како и на телефонскиот број 077 849 321.

Follow us at:
Website
Instagram
YouTube
Twitter
Linked In
Facebook
DOWNLOAD our Mob App

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование