Отворено е ново поглавје за над 1.000 студенти кои официјално ја започнаа новата академска година на УКЛО. Но, за сите матуранти кои сè уште ја носат одлуката каде да го започнат своето високо образование –
четвртиот уписен рок е отворен до 8 октомври 2025 година.
Последниот рок за запишување студенти во прва година на студии е вистинска можност за сите оние што подоцна одлучиле да изберат квалитетно образование, поддржано со модерни студиски програми, европски партнерства и пристап до силни академски и професионални мрежи.
Како дел од Алијансата
КОЛОРС, мрежа од девет европски универзитети со над 128.000 студенти, УКЛО нуди европски пристап во образованието: можност за студентска мобилност, избор на предмети од странски универзитети, учество во заеднички наставни и истражувачки проекти. Со тоа студентите добиваат директна врска со Европа и современи можности за развој.
Дополнително, новата академска година започнува и со: надградена платформа за е-учење – Moodle УКЛО, виртуализација на кампусите – 360° тура. Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, нагласи дека академската 2025/26 година започнува со сериозен исчекор и на полето на научноистражувачката работа. Министерството за образование и наука обезбеди пристап до Web of Science, а наскоро и до Scopus за сите јавни универзитети во државата.
(Комерцијална објава)