X
 05.02.2022 Образование

Американските студенти бараат да се отвори „соба за плачење“ на факултетите

Неодамна правниот факултет при Универзитетот на Џорџтаун во САД го суспендирал професорот Илја Шапиро поради објава на „Твитер“ за која се смета дека е расистичка. Имено, Шапиро не се согласувал со одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да назначи црна жена за врховен судија.

Студентите протестирале барајќи отпуштање на професорот поради неговата изјава, а не само суспендирање. Во рамките на протестите една студентка открила друг проблем со кој се соочуваат американските студенти во врска со нивното ментално здравје. Според неа, на факултетот треба да се отвори „соба за плачење“.

- Постои ли место за такво нешто на кампусот? Не знам како би изгледало, но ако студентите сакаат да плачат, каде може да отидат? Бидејќи моментално сме во ситуација во која студентите излегуваат од салите и плачат во тоалетите - изјавила студентката.

Деканката на факултетот ѝ одговорила дека ако сака да плаче, може да дојде кај неа.

Во меѓувреме, не се знае дали професорот Шапиро ќе биде отпуштен, но над 100 професори потпишале отворено писмо во кое го повикуваат универзитетот да се држи до политиката за слобода на говор и да го остави на работното место.

Извор: Studentski
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование