X
 05.02.2022 Политика

Кина гради голем ѕид на јужната граница

Кина гради огромен систем на огради на јужната граница долга 4.800 километри со цел да го контролира внесувањето на ковид-19 во земјата, пренесуваат американски медиуми. Експертите веруваат дека Кина има задна намера со изградбата на овој ѕид.

Керин Дин, истражувач на граничните односи помеѓу Кина и Мјанмар на Универзитетот во Талин, Естонија, изјавила дека Кина се обидува целосно да ги заштити границите и да го спречи влегувањето на мигранти во земјата. Оградата би можела да помогне и во инфраструктурни проекти, според Дин.

Веќе биле поставени огради на границата со Виетнам што ги спречуваат локалните фармери да го носат добитокот на вообичаените пасишта преку границата или да тргуваат со соседните села.

Според медиумите, Кина ги принудува мештаните во близина на ѕидот да ги чуваат оградите без да бидат платени за тоа.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика