X
 05.03.2019 Живот

Работа од соништата: Дали знаете колку заработуваат вработените во „Нинтендо“ во Јапонија?

Компанијата, која се занимава со дизајнирање и дистрибуција на видеоигри и конзоли, изненадувачки е многу великодушна кон своите вработени. Моментално во „Нинтендо“ работат 2.271 вработен, со просечна годишна плата од околу 72.000 евра. Најдоброто од сè е тоа што освен платата, вработените имаат и други поволности - „Нинтендо“ им плаќа превоз, ги наградува со бонуси двапати годишно, а им гарантира и зголемување на платата еднаш годишно.

Јапонската компанија во 2019 година планира да вработи 81 нов свеж дипломец, што е повеќе од 59. вработувања во 2018 година. Просечната возраст на вработените е 38,6 години, додека просечниот работен век во компанијата е околу 13 години. Просечниот работен ден во „Нинтендо“ трае 7 часа и 45 минути, со вклучен еден час пауза. Вработените на работа мора да бидат околу 8:45 часот наутро, додека девелоперите почнуваат во 9:30. Главната канцеларија на „Нинтендо“ се наоѓа во Кјото, а подружницата е во Токио.

Компанијата „Нинтендо“ официјално била основана во 1889 година, а произведувала карти за играње. Компанијата се обидела да влезе во неколку други бранши во текот на 50-тите години, а најголем успех забележа во индустријата на електронските играчки, каде што оперира и денес. Компанијата почна да произведува платформи за видеоигри издавајќи ги уредите „Колор ТВ-Гејм“ и „Гејм & Вач“ пред глобалниот успех на конзолата „Нинтендо“ која била лансирана во 1985 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот