X
 05.03.2024 Живот

Од 15 март се очекуваат вакцини против голема кашлица за возрасни и се предлага тестирање низ цела држава

Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни, предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава, изјави попладнево Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, по нејзиното заседавање.

Тој повтори дека вакциналните пунктови во Скопје, каде што има епидемија, работат во две смени, вакцинацијата се одвива добро и продолжува со исто темпо.

Меѓу новите препораки се да се засили инспекцискиот надзор на ДСЗИ за да се види навистина состојбата во градинките со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис низ целата држава од центрите за јавно здравје, досега немаше таква можност, дигиталната евиденција за вакцинација на децата во вакциналните пунктови да биде задолжителна за подобар преглед.

- На денешната седница разговаравме исклучиво за пертусис. Најмногу заболени има во Скопје - подвлече Мехмедовиќ

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот