Истражувачи најдоа докази дека корисниците се пристрасни кон вештачката интелигенција (АИ) означена како да е од женски род, верувајќи дека е „почовечна“ од машката вештачка интелигенција.
Во студија објавена во „Психологија и маркетинг“, истражувачите наведуваат дека утврдиле оти потрошувачите сметаат дека женските роботи имаат попозитивни човечки особини, како топлина и емоции, за разлика од машките роботи.
Истражувачите што ја правеле студијата тестирале карактеристиките како топлина, искуство и компетентност во пет одделни студии со повеќе од 3.000 учесници. На крајот откриле докази дека луѓето повеќе ги сакаат женските ботови бидејќи тие се сметаат за почовечни од машките, стои во апстрактот на студијата.
Студијата утврдила дека корисниците преферираат женска вештачка интелигенција во производи, како Алекса на „Амазон“ и „Гугл Хоум“ - но производите можеби неосмислено ја промовираат идејата дека жените се само алатки создадени да ги исполнат потребите на нивните сопственици, велат авторите на студијата.
Тоа има смисла. Сепак, ако сте навикнати да користите мноштво женски АИ за сите потреби од паметната технологија, може да се навикнете на идејата дека жените ви се потчинети вам и на вашите желби, пренесува порталот „Фјучуризм“.
Тимот што стои зад студијата верува дека има неколку начини за справување со овој проблем. Како прво, девелоперите би можеле да развијат родово-неутрална АИ. Друго решение е зголемување на родовиот паритет во АИ. Тоа би значело дека девелоперите би требало да создаваат ист број машка и женска АИ.
Како што паметната технологија станува сè позастапена, така девелоперите сè повеќе ќе се потпираат на АИ-гласови за да комуницираат со нас. Тоа ќе бара и создавање на непристрасни производи.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay