X
 10.10.2026 Живот

„Го делиме домот со семејство мечки кои сакаат да се капат во нашиот базен“

Кога Брајан Гордон првпат видел неколку кафеави мечки што пливаат во базенот од куќата што ја купил во Лос Анџелес многу се исплашил.

- Никогаш немав видено мечка во живо. Реков: „Ќе направиме голем ѕид опкружен со бодликава жица“ -  се присетува тој. Четири години подоцна, Гордон го променил мислењето. Сега вели дека ништо не му прави поголемо задоволство отколку да гледа како семејството мечки си игра во неговиот базен и трча низ неговата градина. Крзнените посетители наминуваат неколку пати неделно.

 

- Во ред е да дојдат овде и да гребат по дрвјата, да дремнат и да скокаат во базенот ако е топло, сè додека не си наштетат себеси или нам - вели Гордон. Гордон и неговиот партнер решиле мирно да ги делат својот базен и двор со мечките. Меѓутоа, зад овие симпатични слики од мечките кои се опуштаат во базенот се крие подлабока приказна за надзорот и безбедносните мерки што го овозможуваат овој соживот.

Куќата на Гордон е во област во која живеат околу 1.600 мечки и се граничи со Националната шума Анџелес, која се протега на 2.830 квадратни километри. Кога се доселиле, речиси веднаш почнале да гледаат мечки. Во почетокот се обидувале да ги избркаат со викање, со користење сирени, а повремено и со пејнтбол-пиштоли со меки гумени куршуми.

- Но, тоа не ни изгледаше исправно, па решивме дека е во ред да ни се приближат сè додека не влегуваат во куќата и не копаат по ѓубрето.

Извор: bbc
Фото: принтскрин/видео

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот