X
 05.04.2023 Образование

МОН објави повик за полагање приемен испит за учениците кои сакаат да учат во Математичко-информатичката гимназија

МОН објави јавен повик за полагање на приемен испит на учениците кај кои има интерес за запишување во Математичко-информатичка гимназија за учебната 2023/2024 година.

Во Математичко-информатичката гимназија се запишуваат редовни ученици кои завршиле основно образование и се стекнале со општ успех од најмалку 4,5 од шесто до деветто одделение во основното образование и со оцена 5 по наставните предмети математика од шесто до деветто одделение и физика од осмо и деветто одделение во основното образование и имаат доставено потврда со бројот на освоени бодови од приемниот испит, се наведува во повикот.

Во него се додава дека приемниот испит се состои од полагање тестови согласно наставните програми по математика од VI до IX одделение и наставните програми по физика за VIII и IX одделение. Кандидатот/кандидатката писмено се проверува со два поединечни теста по математика и по физика и секој од нив треба да содржи по четири задачи со понудени одговори, четири задачи со дополнување и четири задачи со целосна постапка на решавање. Времетраењето на писменото проверување за секој предмет (математика и физика) треба да изнесува по 120 минути.

Полагањето на приемниот испит ќе се реализира во просториите на СГГУГС „Здравко Цветковски“ во Скопје на Бул. „Партизански Одреди“ бр.91 и тоа предметот математика на 1.6.2023 година со почеток во 10 часот и физика на 5.6.2023 година со почеток во 10 часот.

Заинтересираните ученици треба да испратат писмо на интерес со податоци за ученикот и родителот/ старателот (име, презиме, училиште и општина во кое ќе го заврши основното образование, телефонски број од ученикот, телефонски број од еден родител и електронска адреса на ученикот/родителот), на адреса:

Министерство за образование и наука
Сектор за средно образование, образование на возрасни и доживотно учење
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54,
1000 Скопје

со наслов „За јавен повик за полагање на приемен испит за запишување на математичко-информатичката гимназија“ или на адресата на ДСУ Математичко-информатичка гимназија:

Бул. „Партизански одреди“ бр.91
1000 Скопје

со наслов „За јавен повик за полагање на приемен испит за запишување на математичко-информатичката гимназија“ најдоцна до 30.5.2023 година.

ТУКА можете да го преземете урнекот за писмото за интерес.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование