X
 05.05.2023 Живот

Зошто британското кралско семејство морало да го промени презимето за време на Големата војна?

Ниту една монархија во светот нема маркетинг како британската, ниедна монархија нема толкава популарност, но и толку младо презиме.

За првата и втората работа е јасно: (речиси) секоја куќа на тронот на Велика Британија располагала со најголемата империја во историјата. Што се однесува до тоа дека ниту една владејачка куќа нема толку младо презиме, тука можеби претеруваме, тешко е да се потврди ова без сериозно истражување. Но, всушност презимето Виндзор, иако многумина мислат дека е старо поради истоимениот кралски замок, е старо нешто повеќе од еден век.

Кралицата Викторија била од Хановер, куќа од германско потекло која владеела со Велика Британија од 1714 година. Таа била во брак со принцот Алберт од Сакс-Кобург и Гота. Кога Викторија умрела во 1901 година, нејзиниот син Џорџ станал крал, именуван Џорџ V и како таков останал на тронот во наредните 35 години, во текот на Големата војна и речиси до настанот што бил вовед во Втората светска војна.

За време на долгото владеење на Џорџ, имало промена и на презимето. Имено, до 1917 година, почнала да се шири омразата кон сè што било германско од страна на британското население. Зборот „култур“ добило иронично значење, и станал погрден збор што се користел за опишување на германската некултура, односно нечовечност и нецивилизираност.

Да се има на чело на државата личност со презимето Сакс-Кобург и Гота било премногу. Тоа го почувствувале и членовите на куќата Сакс-Кобург, кои во еден момент сфатиле дека морало да се промени презимето. Затоа било променето во Виндзор, што бил идеален избор, имајќи го предвид историското значење на истоимениот замок, кој бил и е национален и монархси симбол.

Интересно е што и руската династија, која исто така имала германско потекло, го немала овој проблем, бидејќи официјално отсекогаш се презивале Романов, наместо Холштајн-Готорп-Романов.

Но, уште во 1914 година тие веднаш го промениле името на нивниот главен град: Санкт Петербург, основан од Петар Велики (првично бил Санкт-Питер-Бурх на холандски начин, пред името да се германизира). Петар Велики бил голем германофил, кој одлучил Русија да ја претвори во европска држава и да го имитира Западот во сè.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот