X
 05.07.2020 Живот

Новиот стадион на Џеф Безос

Гигантот за е-трговија „Амазон“ неодамна ги купи профитабилните права за именување на стадион во Сител, но неговиот избор на име и не е баш нешто што би го очекувале.

Наместо едноставно да го нарече „Стадион Амазон“, компанијата избра необично име, „Арена за климатски залог“ во знак на својот неодамна отворен фонд за животна средина. Главниот извршен директор и основач на компанијата за е-трговија, Џеф Безос, рече дека сака стадионот да послужи како редовно потсетување за важноста на борбата против климатските промени.

Безос е најбогатата личност во светот и неодамна постави рекорд со тоа што неговото богатство достигна речиси 172 милијарди долари. На неговата инстаграм-објава тој тврди дека стадионот ќе биде првиот нулта-јаглерод сертифициран во светот.

„Амазон“ има утврдено планови за одржливост за хокејскиот терен, што ќе вклучува 100 отсто обновлива енергија, транспарентност на емисиите на јаглерод и систем што користи дождовница за одржување на мразот на лизгалиштето.

„Арена за климатски залог“ ќе биде дом на тимот на Сиетл Ен-ejч-ел (Национална хокеј-лига), откако професионалниот хокеј на мраз се враќа во градот првпат од 70-тите години. Првата сезона треба да биде наредната година.

2
Фото: Amazon

Билетите за некои настани на стадионот ќе се користат и како бесплатни билети за јавниот превоз, вклучувајќи и патувања по новата реновиранa еднонасочна железничка линија, за да ги охрабрат луѓето да не патуваат со автомобил.

Компанијата што стои зад обновата на стадионот, „Оук Вју груп“, го нарече ова партнерство визионерски чекор за деловните институции и спортските и музичките индустрии. Главниот извршен директор Тим Леивекеј вели дека целта на овој стадион е да биде најпрогресивното, одговорно и одржливо место во светот.

- Не станува збор само за една арена - ова е платформа за ние да ја излекуваме нашата планета - вели тој.

Стадионот е именуван по новата иницијатива на „Амазон“, чија цел е да ги насочи компаниите кон јаглерод-неутралност до 2040 година - десет години порано од целта на Парискиот договор.

Основан минатата година, Фондот за климатски заложби ќе инвестира во визионерски претприемачи, создавајќи производи и услуги што ќе им помогнат на деловните субјекти да станат позелени. Досега вети 2 милијарди долари за стартапи со чиста енергија, а во април лансира 10-милоонска шема за зачувување на шумите. Овие ветувања претставуваат нешто повеќе од 1 отсто од нето-вредноста на Безос.

Безос вели дека фондот ќе им помогне на компаниите да го намалат влијанието на јаглеродот и да работат поодржливо. Ќе инвестира во многубројни индустрии од транспорт и логистика, до храна и земјоделство со цел забрзано создавање на нула-јаглеродна економија на иднината.

3
Фото: Amazon

Овој потег доаѓа откако илјадници вработени во „Амазон“ потпишаа отворено писмо до управниот одбор на Безос и „Амазон“ минатата година. Откако не биле преземени никакви акции, групата што стои зад писмото, вработени во „Амазон“ кои се залагаат за климатска правда, се закани дека 3.000 корпоративни работници ќе дадат отказ во септември за да се изврши притисок врз компанијата да ги намали емисиите на стакленички гасови.

Еден ден пред вработените да ги напуштат работните места, компанијата го објави Фондот за климатски заложби.

Пиар-трик?

Многумина не се убедени дека вестите се вистинска посветеност на одржливоста од страна на „Амазон“. Ева Пуцова, кандидат за Конгресот во Аризона, ја критикуваше објавата велејќи дека наместо значајна акција, Безос именувал арена.

- Милионерите нема да нè спасат - вели таа.

Други, пак, ја потенцираа лошата репутација на компанијата во врска со проблемите со животната средина, правата на работниците, даноците и нееднаквоста. Двајца работници неодамна беа отпуштени кога во медиумите почнаа да зборуваат за влијанието на „Амазон“ врз климата, како и за третманот на магацинскиот персонал во текот на пандемијата со Ковид-19.

View this post on Instagram

Jeff Bezos and Amazon have bought the naming rights to the new Seattle NHL stadium. You may have expected it to be called the 'Amazon Arena' complete with orange and black branding - but @jeffbezos has gone in a different direction, naming it after he and his company's Climate Pledge Fund. The @climatepledgearena is planned to be carbon neutral with many other green initiatives, as it prepares to house @nhlseattle and @seattlestorm. . But critics aren't too taken with this move, seeing it as Amazon's attempt to greenwash the company's impact on the environment. . Swipe to see what's been said...👀 . #nhl #nhlplayoffs #seattlenhl #nhlseattle #seattlestorm #climatepledge #climatepledgearena #climatepledgefund @evaforcongress #billionaire #greenwashing #greenwashingalert #amazonprime #amazonclimatepledge #nhlfan #climemechange #climatememes #climatechangememes #environmentalmemesforsustainableteens #environmentalmemes

A post shared by euronews Living (@euronewsliving) on


Извор: Euronews.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот