X
 05.07.2023 Живот

Исланд останува најмирољубивата земја во светот, според Глобалниот индекс на мирот за 2023 година

Глобалниот индекс на мирот за 2023 година го објави своето годишно рангирање на најмирољубивите земји во светот.

Студијата на Институтот за економија и мир од 2023 година го мери нивото на негативен мир во земјата користејќи три домени на мир: тековен внатрешен и меѓународен конфликт, општествена безбедност и сигурност и милитаризација.

Индексот покажа дека светот е малку помалку безбеден од минатата година, поради влијанијата на ковид-пандемијата, што е непроменето од резултатите од истражувањето во 2022 година.

Најмирољубива земја во светот е Исланд

Исланд остана најмирољубива земја во светот откако истражувањето беше првпат објавено во 2008 година. Оваа земја е рангирана и како трета најсреќна земја во светот, по Финска и Данска.

Повеќе од 60 отсто од жителите на земјата живеат во главниот град Рејкјавик. Во Исланд образованието е бесплатно, а секој ученик учи да зборува дански и англиски јазик.

Топ-10 најмирољубиви земји во светот


1. Исланд
2. Данска
3. Ирска
4. Нов Зеланд
5. Австрија
6. Сингапур
7. Португалија
8. Словенија
9. Јапонија
10. Швајцарија

Втора земја на листата е Данска


Главниот град на Данска, Копенхаген, служи како центар што ја поврзува Северна Европа со остатокот од светот.

Поради високите даноци, Данска може да им понуди на своите граѓани најмногу опции за здравствена заштита без надомест, студентите не плаќаат школарина и добиваат грант што им помага во покривањето на трошоците додека студираат, грижата за децата е субвенционирана, а постарите лица добиваат пензии и им се обезбедуваат помошници за нега кои ги посетуваат дома.

Ирска ги заокружува првите три земји

По Велика Британија, Ирска е втор по големина остров во Европа. Ирска е позната по своите бујни, зелени полиња.

Населението на Ирска се зголемило за 10 отсто во последната деценија, според извештајот објавен од Централниот завод за статистика. Според авторот на извештајот, растот на населението во земјата е меѓу најбрзите во Европската Унија.

Извор: CNBC
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот