X
 26.08.2015 Култура

Индекс на земји со најголема слобода - каде е Македонија?

Американскиот институт „Cato“ секоја година подготвува „Индекс на лична слобода“ за земјите низ светот. Индексот се однесува на личните, граѓански и економски слободи.


На Балканот, најслободна земја е Црна Гора, а по неа следи Словенија. Црна Гора се најде на 40-то место од 152 земји, а Словенија се наоѓа веднаш зад неа. Хрватска се наоѓа на 44-то место, додека на 45-то место се наоѓа Македонија. Од останатите балкански земји, на 54-то место се наоѓа Албанија, а Босна и Херцеговина на 56-то место.

Најмалку слободна земја од регионот според индексот е Србија, која се најде на 80-то место. Кога станува збор за земјите од поширокиот регион на Балканот, најслободни земји се Романија (32), Унгарија (38), Бугарија (41 - дели место со Словенија) и Грција (46).

Најмалку слободни земји во Европа се Србија (80), Украина (74) и Молдавија (64).

Во светот, најслободна земја е Хонг Конг. По неа следуваат Швајцарија, Финска, Данска, Нов Зеланд, Канада, Австралија, Ирска, Велика Британија и Шведска. Меѓу 20-те најслободни земји се наоѓаат и Норвешка, Австрија, Германија, Исланд, Холандија, Малта, Луксембург, Чиле, Маврициус и САД.

На дното на листата се наоѓа Иран, по која следуваат Конго, Мјанмар, Зимбабве, Јемен, Централноафриканска република, Алжир, Етиопија, Венецуела, Чад и Саудиска Арабија.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура