Франц Кафка, еден од највлијателните писатели на 20 век, оставил зад себе мисли што длабоко навлегуваат во човечката психа и егзистенција. Неговите цитати се исполнети со апсурд, тага, но и со длабока вистина за животот, стравовите и личниот идентитет. Во продолжение ви пренесуваме кратки, но моќни цитати што ќе ве натераат да размислувате и можеби ќе се преиспитате.
„На некој начин, веќе си избрал што ќе станеш“.
„Прв знак дека започнуваме да разбираме е желбата за смрт“.
„Страдањето е позитивен елемент во овој свет, и навистина е единствената врска меѓу овој свет и позитивното“.
„Не е неопходно да прифатите сè како вистина, треба само да прифатите дека е неопходно“.
„Токму поради нивната глупост, тие можат да бидат толку сигурни во себе.“
„Ако литературата што ја читаме не нѐ разбуди, зошто ја читаме? Книгата мора да биде секира за замрзнатото море во нас.“
„Обично ги решавам проблемите така што дозволувам тие да ме проголтаат“.
„Младоста е среќна затоа што има способност да ја согледа убавината. Секој што го чува капацитетот да гледа убавина никогаш не старее“.
„Не треба да го напушташ својот простор. Земи место на својата маса и слушај. Не слушај, едноставно чекај... Светот сам ќе ти се понуди. Без избор, ќе ти се открие пред нозе“.
„Ако се држиш до минатото, ќе го пропуштиш она што е пред тебе“.
Извор:
Timesofindia.com
Фото:
Wikipedia