X
 05.09.2018 Наука

Искуството на часот по физичко го формира вашиот став кон вежбањето

За некои од вас часот по физичко бил кошмар што би сакале да го заборавите. Сте го доживеале понижувањето последни да ве изберат во тимовите, срамот дека треба да ставите шорцови и да се соблекувате во соблекувалната. Овие сеќавања остануваат долго во ставовите кон вежбањето и како возрасни, покажува најновото истражување. Ако сте имале силни сеќавања за тоа дека сте го избегнувале часот по физичко, тогаш тоа објаснува зошто ја избегнувате салата за вежбање и како возрасни.

Истражувањето, кое анкетирало учесници за нивните емотивни сеќавања за часот по физичко, открило дека детските сеќавања на часовите по физичко се поврзани со ставот кон физичката активност, намерата и седентарното однесување во зрелоста.

физичко
Фото: Shutterstock


Истражувачите анкетирале повеќе од 1.000 мажи и жени на возраст од 18 и 45 години за нивните часови по физичко и откриле дека тие имаат неверојатно живописни позитивни и негативни спомени за учесниците. Оние чии сеќавања се позитивни, имаат позитивен став кон вежбањето како возрасни.

Но, оние што имаат негативни сеќавања, како возрасни се одлучуваат да не вежбаат. Главни причини за лошите сеќавања поврзани со физичко се непријатноста и срамот да не сте лоши во спортот и да не изгледате некомпетентно.

За да престане да се поврзува физичкото воспитание со негативности, истражувачите сугерираат наставниците да го направат часот позабавен за децата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука