X
 12.01.2017 Живот

Водич кој ви открива како да уживате во зимското вежбање

Вежбањето може да биде тешко во  зима, а посебно во градовите лишени од песните од птиците или ѕвезденото небо кои го прават регионот весел во било која сезона. Но, идентификување на она што нé спречува, добар план и создавање на соодветни услови може да ги направи зимските вежби како најголемото достигнување.

џогирање во зима

Најдете мотивацијата

Добри вести: истражување од Универзитетот во Мастрихт, Холандија сугерира дека откако ќе се навикнете, ќе откриете дека вежбањето на ладно го согорува побрзо вишокот на килограми од било кое потопло време, бидејќи таканаречените „кафеави маснотии“ се активираат како што телото се загрева побрзо. Па затоа зимата може да биде подобра за справување со проблемите со телесната тежина од џогирањето во попријатни временски услови.

Второ вежбањето е одличен начин да се победи зимската потиштеност. Студиите го поврзуваат вежбањето со подобро расположение за луѓето со депресија и сезонското афективно растројство („SAD“).

Ако сте во можност да вежбате надвор во часови на дневна светлина, (на пример трчање за време на ручек), вие ќе добиете повеќе од витаминот Д, што е добар за коските, забите и мускулите. За многумина од нас напливот на ендорфин што го добиваме од вежбање е причина да го давеме најдоброто од себе. Но прашањето е како да се примени ова знаење во практика.

Подгответе се добро

За надворешните зимски вежби вистинската облека ќе направи вистинска разлика во вашето искуство. Џеки Њутн, тренер за издржливост предлага да купите облека од специфични материјали кои нудат топлина и се сушат побрзо од памукот. Мора да имате:

-Лесен, едноставен горен дел изработен од технички материјали.

-Лесна, волнена облека за суво време.

-Материјал што дозволува кожата лесно да диши, водоотпорна на дожд.

-Хулакопки, хеланки, комплет тренерки или шорцеви.

-Топла капа.

-Раквици

Безбедност

Светлите бои и рефлектирачките ленти се најдобри за темните зимски ноќи и утра. Ако вашата облека е темна тогаш рефлектирачка лента за на глава ќе ја гарантира вашата безбедност. Сепак држете се до познатите, осветлени области.

Повеќето експерти препорачуваат дека ако надвор е ледено и со мраз, треба да го презакажете надворешното вежбање, бидејќи ако се повредите подолго време ќе ви треба да заздравите и не е вреден ризикот. Од друга страна пак некои велосипедисти преферираат планински велосипедизам во зима. Но сепак бидете внимателни доколку се одлучите сепак да вежбате и ако слушате музика намалете го тонот така што ќе може да бидете свесни за она што се случува околу нас.

Најдете начин да не се откажете

Излегувањето надвор од вратата на вашиот топол дом може да биде најтешкиот дел. Барбара Брунер, личен тренер вели дека таа претпочита да работи надвор во зима бидејќи гледа на тоа како на авантура и предлага да имате друштво што ќе ви биде од помош за да се држите до планот.

„Многу е полесно да се има партнер за тренирање. Ако луѓето имаат некој на кого му ветиле, за нив е полесно да се натераат да станат од кревет. И е полесно затоа што може да разговарате еден со друг, или да се охрабрувате еден со друг во момент на слабост“- изјавила Брунер.

Поставување на цели е одличен начин да останете мотивирани, само осигурајте се дека тие се остварливи. Организирајте џогирање за период од 2 месеци, а потоа следете ја програмата која ќе ви помогне да ја остварите оваа цел. Не морате да вежбате секој ден. Триесет минути кардио вежби три пати во неделата е подобро од ништо.

Зимата може да биде одлична и за активности во затворен простор како: танцување, играње сквош, јога, пливање, сето ова е одличен начин за да поминете одличен час во долгите зимски ноќи, кои инаку би ги поминале во јадење, пиење и зјапање во екранот.

тајчи

Прегрнете ја зимата

Ако живеете на Алпите или на Карпести Планини, зимските вежби за вас не се проблем, но за други скијањето може да биде далечен, скап и неостварен сон. Но неколку дена на падините е опција, искористете ја како мотивација за да тренирате до крајот на зимата и за да го помините попродуктивно вашете време.

Зимата е одлично време за да пешачите. Пробајте го ова за викендите. Разбудете се рано, планирајте прошетка која ќе трае неколку часа. Потоа отидете на топло кафе во најблиското кафе-бар, особено ако имате со кого да го споделите.

Што се однесува до изборот на храна обидете се изберете здрава храна и да уживате во неа. Доколку работите надвор треба да јадете храна богата со јаглехидрати, како цело зрнести производи и печени компири со лушпа, протеини како риба, јајца, грав, но не заборавајте да додадете зеленчук и салата.

Доколку ве мотивира да вежбате, една коцка чоколадо нема да штети. Освен храната, постојат и други начини да се наградите себеси за вашиот труд да вежбате надвор на ладно време:

-Приклучете се на спортски клуб со базен и сауна.

-Топла бања.

-Закажете си масажа.

-Размислете во што најмногу се релаксирате (спиење, ТВ, читање на книги за готвење).

-Земете денови за одмор. Тие се важни за да им овозможите на мускулите да закрепнат.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот