X
 05.09.2025 Живот

Во кои земји луѓето најдолго живеат во добро здравје?

Во 17 земји на ЕУ жените живеат подолг и поздрав живот од мажите, иако мажите обично живеат подолго без ограничувања во активностите и движењето, покажуваат податоците од последното истражување на „Евростат“.

Бројот на здрави години живот изнесува 63,3 години за жените и 62,8 години за мажите.

Жените на Малта можат да очекуваат да поминат 70,3 години без никакви ограничувања во активностите поради здравјето, а мажите 70,1 година, што е во двата случаи највисока бројка забележана во ЕУ.

Ако се фокусираме на жените, висок број години во здравје имаат и Бугарките со 68,9 години и Словенките со 68,5 години.

Наспроти тоа, Данките можат да очекуваат само 54,6 години во здравје, Летонките 55,4 години, а Холанѓанките 56,3 години.

Швеѓаните можат да очекуваат да поминат 67,5 години во здравје, а Италијанците 67,1 години, додека најлоши резултати за мажите се забележани во Летонија со 53 години, во Словачка со 56,6 години и во Данска со 57,1 година.

Извор: Euronews.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот