„Бејби-бум“ генерацијата позната како „старци“ влезе во сериозна интернет војна со „Милениумците“ на Твитер.
![generacii](/images/news/2016/09/20160907-duhovita-internet-vojna-pomegju-pomladata-i-postarata-generacija-m.jpg)
Преку хаштагот
#HowToConfuseAMillenial, генерацијата „Бејби-бум“ започна вистински предизвик - како да збуните еден просечен тинејџер? И сето тоа започна доста наивно.
Започна една шега после друга, а започнаа и да се споделуваат фотографии кои секој малку постар ќе го потсетат на младоста, додека тинејџерите немаат поима за што станува збор.
![1](/images/news/2016/09/20160907-duhovita-internet-vojna-pomegju-pomladata-i-postarata-generacija-1.jpg)
Се' беше духовито и забавно, додека некои од постарата генерација не започнаа со злобните коментари.
„Дајте им листа на се' што имаат право да добијат и се' што им должи светот“, напиша еден од корисниците со фотографија од целосно празна листа. Со ова корисникот сакаше да каже дека денешната младина е доста вообразена и смета дека се' треба да добие на готово.
![3](/images/news/2016/09/20160907-duhovita-internet-vojna-pomegju-pomladata-i-postarata-generacija-3.jpg)
Секако, помладата генерација не остана подолу, па го возврати ударот.
„Дојди и помогни ми да отворам профил на Twitter.com за да можам да пишувам колку твојата генерација е лоша“, е само еден од саркастичните одговори на помладата генерација.
![4](/images/news/2016/09/20160907-duhovita-internet-vojna-pomegju-pomladata-i-postarata-generacija-4.jpg)
„Веќе сум збунет. Не знаев дека толку стари луѓе го користат Твитер“, се шегува друго момче.
![5](/images/news/2016/09/20160907-duhovita-internet-vojna-pomegju-pomladata-i-postarata-generacija-5.jpg)
Војната продолжи со доста силно темпо, и наскоро стана јасно дека, како и секоја друга војна, корист ќе добие само третата страна. Овој пат тоа е генерацијата „Х“ - луѓето родени во 70-тите и 80-тите години.
„Додека „Милениумците“ и „Бејби-бумерите“ се расправаат преку хаштаг, генерацијата „X“ продолжува тивко да владее со светот“, пишува една девојка.