Визуализацијата дадена подолу ја рангира светската популација според генерации и покажува како старосните групи се распределени низ планетата. Податоците се преземени од „Ви ар соушал“, „Интелпоинт“ и „Јунајтед нејшнс ворлд попјулејшн проспектс 2024“. Генерацијата бета (родени 2025-2039), која претставува помалку од 1 отсто од популацијата, не е прикажана поради ограничени податоци.
Практично половина од човештвото (47 отсто) припаѓа на генерацијата З или генерацијата алфа. Милениумците и генерацијата Х сочинуваат најголем дел од глобалната работна сила, додека бејби-бумерите и постарите луѓе сочинуваат само 15 отсто од населението.
Со милениумците, генерацијата З и генерацијата алфа, кои заедно сочинуваат речиси 70 отсто од светската популација, глобалната работна сила, економијата и социјалните динамики ќе доживеат брзи промени во следните години.
До декември 2024 година светската популација достигна 8,2 милијарди. Првпат во историјата речиси половина од човештвото припаѓа на генерацијата З и генерацијата алфа, генерации родени со дигитални технологии.

Фото: Visual Capitalist
Ова покажува дека глобалната демографска распределба се менува брзо, а младите генерации ќе имаат сè поголемо влијание врз работната сила, пазарите и технолошките трендови во наредните децении.
Генерацијата алфа станува најголема генерација
Генерацијата алфа, родена помеѓу 2013 и 2025 година, сега брои приближно 2,0 милијарди луѓе, или 24,4 отсто од светската популација. Многу од нив се во основно образование, но веќе ја надминуваат секоја друга генерација по бројност.
Нивната демографска тежина ќе влијае врз потрошувачките пазари, образовните системи и технолошките трендови во следните децении. Земјите што го движат овој раст се концентрирани во Африка и Јужна Азија, каде што стапките на раѓање остануваат високи.
Генерацијата З и милениумците доминираат како работна сила
Генерацијата З (возраст 13-28) и милениумците (возраст 29-44) заедно сочинуваат 44 отсто од целата популација и најголем дел од светските работници. Само милениумците се 1,7 милијарди луѓе.
Стареење на бејби-бумерите и тивката генерација
Повисоките возрасни групи, бејби-бумерите (61-79 години) сочинуваат околу 12,8 отсто од популацијата, додека оние над 80 години, односно тивката генерација и постари групи, само 2 отсто.
Извор:
Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist