X
 06.03.2019 Живот

Пад на производството на храна во Северна Кореја, милиони луѓе гладуваат

Обединетите нации денеска предупредија дека производството на храна во Северна Кореја минатата година достигнало најниско ниво во последните 10 години, а милиони луѓе во таа земја гладуваат.

Според ОН, на 3,8 милиони од вкупно 25 милиони луѓе итно им е потребна хуманитарна помош, во износ од 120 милиони долари.

Северна Кореја со децении се бори со хроничен недостиг на храна поради нефункционалниот државен систем за дистрибуција на оброци и меѓународните санкции наметнати поради нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.

Пјонгјанг лани повика на „сеопфатна“ борба против „невидениот топлотен бран“, предупредувајќи ја својата мисија на ОН во Њујорк за криза поради недостиг на храна.

Долготрајниот топлотен бран, со тајфуни и поплави, минатата година доведе до пад на приносот од 9 отсто во споредба со 2017 година, предупреди ОН.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот