X
 06.03.2020 Живот

Овој ТЕД-говор може да ви го гарантира следното вработување

Додека зборувате, дали луѓето ве слушаат? Треба да размислите за ова следниот пат кога ќе одите на интервју за работа или кога ќе одржувате презентација. Доколку зборувате за работното искуство или споделувате технички информации, можеби само го губите времето. За среќа, постои начин да ги зголемите шансите да бидете слушнати.

Совети од еден од најпопуларните ТЕД-говори може да ви го гарантираат следното вработување. Џулијан Трежр е експерт за комуникација кој стои зад ТЕД-говорот кој имал над 26 милиони прегледи. Во говорот Трежр објаснува зошто луѓето понекогаш престануваат да слушаат.


Фото: Pixabay

Најчесто, жалењето може да биде причина за луѓето да „се исклучат“ бидејќи никој не сака да слуша негативни работи. Кога станува збор за вестите, луѓето сакаат да слушаат за драматични настани, но во живо, тие сакаат до себе луѓе што се позитивни. Потоа, обвинувањето на друго лице за проблеми во личниот живот или кариера може да го блокира разговорот. Работодавецот може да помисли дека тој ќе биде следниот обвинет за вашите проблеми.

Трежр не го препорачува ниту претерувањето бидејќи повеќето од нас сакаат да ја слушнат вистината. Друг начин како да го изгубите вниманието на слушателот? Со лажење и споделување погрешни информации. Луѓето се поистоветуваат со искрените луѓе кои се реалистични.


Автор: Џон Брендон
Извор: Theladders.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот