X
 06.04.2017 Живот

Како да размислувате позитивно секој ден?

Често слушаме за важноста да се биде позитивен, но ретко кој може да каже зошто е тоа важно. Една универзитетска професорка по психологија Барбара Фредриксон открила како негативните емоции влијаат на нашиот ум.


Фото: Freepik

Во едно истражување што го спровела открила дека негативните емоции го принудуваат човекот да бира од одграничени можности, а ова е особено нагласено во ситуации кои се опасни по живот и во кои се потребни моментални акции. Во случај на помалку избори како резултат на емоциите кои доаѓаат во игра, се прават погрешни одлуки. Значи, многу е важно да се размислува позитивно. Но како?

Седете исправено

Ова може да Ви изгледа неважно за позитивноста, но резултатите на една студија која ја испитувала поврзаноста меѓу позитивноста и поставеноста на телото покажале дека тоа е многу важно.

Чувајте кафена лажичка во џебот

За оваа брилијатна идеја ќе Ви бидат потребни и панталони со џебови. Секогаш кога чувствувате дека ќе формулирате негативни мисли ставете ја лажичката во другиот џеб. Целта е да станете свесни дека имате негативни мисли кога ќе ја пренесувате лажичката при што ќе може да ја соприте. На почетокот можеби ќе ја преместувате нон стоп, но потоа ќе ја сфатите играта и поуспешно ќе ги стопирате негативните мисли.

Наместо вести читајте нешто инспирирачко наутро

Често е да се гледаат вести наутро и ова е добро за да знаете што се случува со светот надвор од домот. Но, не станува збор да не гледате ништо информативно, туку да посветите време од утрото на нешто што ќе Ве инспирира и подигне, на пример едно поглавје од книга.

Напишете три нешта за кои сте благодарни секој ден

Ова е многу лесно да го направите, а на крајот ќе сфатите колку многу Ви помогнало. Многу истражувачи ги откриваат бенефитите од искажување благодарност дневно. Тоа е поврзано со општата благосостојба, а може да ги подобри и врските со другите и да помогне во емоционалното созревање.

Славете ги Вашите мали победи секој ден

Еден начин да почнете да ја култивирате позитивноста е да ги запишувате вашите дневни мали победи. Многу истражувања покажале дека ова носи многу голем бенефит. Забележувањето на успесите ќе Ви дава доза на самодоверба на дневна база. Една студија покажала дека запишувањето на достигнувањата без разлика на нивната големина помагаат во ослободување на допаминот кој се поврзува со чувството на гордост. Поважно, тој не мотивира да преземаме предизвици.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот