X
 06.04.2024 Живот

Испробајте го овој трик за да го сопрете икањето

Нема ништо полошо од неочекувано икање за време на деловен состанок или додека се обидувате да заспиете, но еден лекар споделил едноставен трик како да го спречите икањето за неколку секунди. Според клиниката „Кливленд“, икањето е повторени грчеви на дијафрагмата кои се проследени со звук што доаѓа од затворањето на гласните жици.

Дијафрагмата се наоѓа под градите, а мускулот игра важна улога во процесот на дишењето. Иако не е сосема јасно зошто икаме, експертите сугерираат дека ниското ниво на јаглерод диоксид во крвта и иритираните нерви може да играат улога во процесот. Клиниката „Кливленд“ ги наведува пребрзото јадење и пиење, газираните пијалаци или алкохолот и стресот како други фактори за појава на икањето.

Луѓето често се охрабруваат брзо да пијат вода и да јадат лимони во обид да ги ублажат симптомите, но д-р Ајлин Ли, посочува дека точките на притисок се поефикасни.

Објавувајќи видео на „Тик-ток“, експертот објаснува:

- Икањето се случува кога вашата дијафрагма ненамерно се стега и грчи. Го пренесува тој мал дел од силата до грлото, создавајќи го тој звук. За да ѝ помогнете на дијафрагмата, тој мал мускул за дишење, да се опушти, постојат одредени точки што можете да ги притиснете, кои ќе го принудат целиот тој воздух да се врати во дијафрагмата за да ја ресетира и релаксира.

Д-р Ајлин потоа го покажува првиот трик, кој вклучува притискање на мала вдлабнатина на внатрешната страна на двете веѓи.

- Кога ќе најдете вдлабнатина, притискајте 30 секунди и повторете го тоа пет пати. Друга точка на притисок е на вашите раце. Значи, ја користиме страната на палецот, па треба да го најдете месестиот дел од палецот, кон коренот на коската од прстот. Држете го околу 30 секунди и направете го ова пет пати на секоја рака, за да ѝ помогнете на дијафрагмата да се опушти.

@anew.acu Hiccups? Try trick 1 of 2 to help calm your diaphragm and relief the tension! #hiccups #diaphragm #wellnesstips #fypシ ♬ Journey - Maoli
Импресионираните корисници во делот за коментари ги споделиле своите размислувања за корисните трикови. Повеќето од нив се согласиле дека трикот функционира и помага.

Во ретки случаи, икањето може да трае подолго и може да биде резултат на медицинска состојба или користење одредени лекови. Националниот здравствен сервис од Велика Британија препорачува посета на општ лекар ако икањето трае подолго од 48 часа, ако често се враќа или влијае врз вашиот живот.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот