X
 06.05.2018 Технологија

Teтрис, Покемон, Тамагочи - Колку денес чинат играчките од детството?

Растењето кон крајот на 80-те и во текот на 90-те години многу од вас ќе го опишат како време кога децата играа на улица, и не беа ни малку слични на денешните деца кои цел ден седат пред компјутер. Но ова не е баш многу точно. Навистина, децата играа на улица од утро до мрак, меѓутоа во овој период се појавија игрите „Гејм Бој“, „Сега“, „Тетрис“ и „Тамагочи“. Сите сакавме да имаме сопствен примерок и електронските уреди тогаш се набавуваа преку роднина, сосед или пријател од странство, а кога играчките конечно ќе стигнеа, никој не беше посреќен.

Колкава вредност имаат овие играчки денес? Секако дека имаат голема сентиментална вредност, меѓутоа колку пари би требало да издвоите од сопствениот џеб за да се потсетите на старите добри времиња и старите добри игри? Со помош на „Ибеј“ ви ги откриваме цените.

Оригиналниот „Гејм Бој“

2
Фото: Alamy


Кога излезе овој уред, секое дете сакаше да го има. Децата плачеа и ги молеа родителите да им купат „Гејм Бој“. Тогаш цената им беше окол 150 до 160 германски марки, а денес можете да го најдете за иста цена, што е отприлика 80 евра, но голема е веројатноста да купите уред што не е во најдобра состојба.

Оригиналниот „Гејм Бој“, кој има своја кутија, а не е користен може да се купи по цена од над 2.000 долари. Оние користените, кои имаат пластична кутија се движат околу 500 долари. Секако, морате да земете во предвид дека на секоја наведена цена, мора да платите поштарина.

„Сега Соник Хечхог“

Кога компанијата „Сега“ ја претстави играта „Сони Хечхог“ децата не можеа да се „одлепат“ од телевизорот. Децата го обожаваа малиот Соник и неговите авантури, и по цел ден играа и се натпреваруваа кој ќе има подобар резултат. На „Ибеј“ можете да пронајдете колекција на видео игри за 4.000 долари, а само фигурите Соник се продаваат за 2.000 долари.

„Тамагочи“

3
Фото: Profimedia


Електричното домашно милениче што го поседувавме сите. Моравме да го храниме, пазиме и галиме, а на нашите родители не им се веруваше за каква технологија станува збор. Неодамна овие миленичиња повторно го освоија пазарот, а оние првите, што доаѓаат од 1996 и 1997 година во оригинално пакување, се продаваат за 4.000 долари, а можат да се најдат и за 1.000 долари. Европските верзии од оваа јапонска игра имаат многу пониска цена, отприлика 100 долари.

„Тотали хеир Барби“


Овие Барбики постигнуваат огромни цени на аукциите. Доаѓаа во варијанта на блондинка и бринета и имаа шарени мини сукњи и беа апсолутен хит. Денес куклите се продаваат за 500 долари, додека цената на бринетата и Кен е нешто пониска, околу 140 долари.

„Покемон“ карти


„Покемон“ повторно стана популарен кога во 2016 година се појави „Покемон Го“, играта за мобилен, а тоа на големо влијаеше и врз формирањето на цената на картите што се собираа пред 20 години. Десет ретки Покемон карти, во одлична состојба, денес се продаваат за неверојатни 2 милиони долари, додека цената на поединечната карта Пикачу се движи од околу 75.000 долари.

„Фурби“


Крзнениот пријател што секој сакаше да го има и ден денес може да се најде на пазарот, но оној оригиналниот од 1998 година достигнува цена до 1.000 долари.

Кукли „Трол“

Се сеќавате на малите кукли со голема шарен акоса? Сега се доста барани, а нивната цена, посебно оние од 80-те години, изнесува 1.000 долари, додека просечната цена им е помеѓу 200 и 500 долари.

Тетрис

тетрис
Фото: Sutterstock


Конзола на која деноноќно и било каде можете да играте, но денес повеќе ја нема. Ако сакате да ја имате оваа конзола, тогаш можете да ја купите на „Ибеј“ за 2 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија