X
 19.10.2015 Живот

Откријте дали го поседувате претприемачкиот потенцијал

Во променливо работно и економско опкружување, инвестирањето во развојот на луѓето чиишто иновативни вештини се високо изразени, а кои можат да се справат со несигурност и промени се исплаќа со високи дивиденди, вели Стефан Линдегард, дански писател и консултант кој ќе одржи предавање во Загреб.

 

потенцијал


Многу е лесно да се биде страствен кога станува збор за претприемништво во организацијата. Затоа бев заинтригиран кога пред неколку години на ЛинкедИн, ми поставија прашање дали познавам некои примери на старт ап во самата организација. Јас работам за корпорација која сака да започне старт ап во организации.

Се сетив на моето прво искуство и средбата со поимот претприемништво во организацијата. За прв пат терминот е искористен во 1980 година од консултантот Гифорд Пиноче, а голема популарност стекна кога Стив Џобс изјави дека тимот што работи на проекти за компјутерите Machintosh, всушност создава група на претприемачи во организацијата (intrapreneur groups).

Во 1992 година American Heritage Dictionary ја призна популарноста на овој збор „intrapreneurship“ и го зацврсти со значењето: „Личност која во корпорацијата презема директна одговорност за претворањето на идеите во профитабилен финален производ преку иновативен пристап и преземање ризици“.

Оваа личност размислува како претприемач, спремно ги презема ризиците и со задоволство ги развива новите идеи. Тоа се обично вработени во компанијата кои се прифатливи или сами иницирале некаков развој на посебни идеи или проекти. Нивната главна задача е оваа идеја или проект да го трансформираат во профитабилен производ за компанијата.

Важно е да се напомене дека голем акцент се става на вработените луѓе во организацијата, кои се клучни за развој на иновациите во корпорацијата - токму за ова ќе се зборува на конференцијата „Corporate Innovation &  Intrapreneruship, 2015“ на 22 октомври во Загреб.

„Токму препознавањето на потенцијалот кај луѓето ја означи мојата прва средба со поимот претприемачи во организацијата. Тоа се случи кога во „Danfoss“ развивав успешна иницијатива наречена „Man on the Moon“.

Премногу вработени во „Danfoss“ сметаа дека не припаѓаат на организацијата или беа бунтовници бидејќи не им одговарала рамката која ја поставил одделот за човечки ресурси. Сето тоа се промени кога ја започнавме споменатата иницијатива и со неа се отворија нови работни место. На тој начин, оние кои „не припаѓаа“ и оние кои се сметаа за бунтовници станаа продуктивни вработени.

Верувам дека постојат три клучни предности за прифаќање на претприемништво во организацијата. Прво, претприемништвото во организацијата влијае врз зголемувањето на приходите и профитабилноста; краткорочно и долгорочно.

Кога претприемачите во организацијата ќе се препознаат и кога ќе се искористат на правилен начин, тие имаат големо влијание врз клучните активности.

Второ, претприемништвото во организацијата ја унапредува корпоративната слика за време на регрутирањето на нови вработени.

Најважниот извор е талентот. Доколку корпорацијата посветено се насочи на претприемништвото во организацијата, ќе ја подобри корпоративната слика и ќе и` биде поедноставно да ги привлече и задржи најдобрите таленти.

Трето, претприемништвото во организацијата е „заразно“

Се` започнува со подвизи и проекти кадешто постои потреба за нов вид на талент. Но претприемништвото во организацијата не е тука само поради новите подвизи и проекти. Клучните активности и процесите во корпорацијата исто така се изложени најдобро од оваа нова култура. Тоа
ќе им помогне на организациите да бидат внимателни и секогаш да бараат можности кои инаку би можеле да бидат пропуштени.

Такашто, не постои прашање за тоа дали корпорациите го развиваат претприемништвото во организацијата, туку на кој начин да го имплементираат. На секоја организација и` е потребен одреден број на луѓе кои имаат потенцијал да поттикнат и стимулираат иновативен капацитет. Но, како да се идентификуваат? Едно од главните прашања кое ми е поставувано е: Како да се постават процесите кои можат да се користат за пронаоѓање на вакви вработени?

Постојат неколку опции - од едноставни до комплексни.

1. Гледајте околу себе


Едноставен начин за пронаоѓање на иновативни вработени е да барате луѓе кои упорно создаваат и сакаат да реализираат идеи. Ако сте во потрага по вработени кои предаваат идеи, а вие ги наградувате овие идеи, многу од нив ќе бидат спремни тоа да го направат. Но ако пронајдете една личност која покажува страст и упорност околу една идеја, тогаш ова може да ве одведе многу подалеку од други луѓе кои ќе ви пренесат 600 идеи но без интерес посветено да работат за да ја реализираат идејата. Со еден упорен и квалификуван работник и добрите идеи можат за брзо време да се развијат.

Барајте луѓе кои се упорни во врска со нивните идеи, оние кои самостојно работат на нив, но и оние кои ги собираат другите за заедно да ги реализираат. Ако идејата е добра и имате личност која знае како да ја реализира, тогаш имате нешто на кое можете да градите.

2. Организирајте внатрешен натпревар на бизнис планови

Значително формализиран начин да ги идентификувате потенцијалните претприемачи во оваа организација е да создадете интересен натпревар во бизнис планови сличен на оној кој го прават факултетите. Ваквиот натпревар е одличен начин да пронајдете силни идеи и луѓе кои ќе ги реализираат.

Добро смислениот натпревар може да постигне многу повеќе. Ви помага да пронајдете претприемачи во корпорацијата и да започнете идеи со вистински потенцијал. Потоа може да им помогне на претприемачите да ги подобрат своите можности. Интерниот натпревар е одличен тренинг доколку корпорацијата во еден момент сака да започне процес на отворени иновации.

3. Започнете програма за главен претприемач во самата организација


Ова на некој начин е адаптација и примена на веќе постоечката програма „Entrepreneur in Residence“ која ја практикуваат фондовите на ризичен капитал. Улогата на програмата не е секогаш еднаква, но воглавно вклучува личност која сака да започне компанија. Понекогаш овој претприемач веќе потрошил многу време за споредување на идеите во кои инвеститорите би инвестирале во понатамошен развој. Понекогаш оваа програма има функција на „партнер“ му помага на фондот во проценката на потенцијалните проекти во дело во кои претприемачот поседува стручно знаење.

Зошто да не го искористите овој модел за да восоставите програма на главен претприемач во вашата компанија? Ова може да биде дополнување на натпреварот за бизнис планови.

Овој пристап е особено успешен кога компанијата сака да развие нови платформи за деловни активности кои на почетокот се состојат од помали проекти во рана фаза. Додека не се одлучите за доделување на постојани извршни функции за овие проекти, претприемачот во компанијата може да им биде советник.

4. Вложете во луѓето

Клучната точка која постарите менаџери на иновативните процеси мораат да ја сфатат е дека ако сакаат да ја реализираат иновацијата, тие мораат да вложуваат во луѓето. Соодветно подредување на работите е: најпрво луѓето, потоа процесите и последно, идеите. Ова е единствен начин да се изгради силна култура на иновативноста која ќе може да се одржува. Многу иницијативи на подрачје на иновативнота пропаѓаат бидејќи оние кои ги спроведуваат не го разбираат овој елементарен и основен факт.

Верувам дека важноста на претприемачите во организацијата како поим ќе добива се` поголемо и поголемо значење во наредниот период како и извршните функции на компанијата ќе го сфатат потенцијалот на овие луѓе.

Стефан Линдегард

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот