X
 06.07.2020 Образование

МОН бара сугестии за нов концепт за далечинско учење во основните и во средните училишта


Министерството за образование и наука денеска јавно објави Концепт за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта во Македонија.
Оттаму бараат сугестии за нацрт-верзијата, а сите заинтересирани можат да дадат придонес кон подготовка на што поквалитетна содржина на овој документ, преку достава на предлози и сугестии. Пуштањето во употреба на електронската платформа е предвидено за септември 2022 година.

Во документот пишува дека имплементацијата на активностите е предвидена во периодот 2020-2025 година.

„Поконкретно, изработката на унифицирана електронска платформа за предавање, учење и методолошки ресурси, нејзино пилотирање и пуштање во употреба е предвидено за 2022 година, за кога е предвидена и изработка на е-содржини, додека набавката на ИКТ-опрема и образовен софтвер за користење ИКТ во согласност со стандардите е предвидена за 2025 година“, пишува во документот.



Во најавата пишува дека МОН заедно со Министерството за информатичко општество и администрација, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Државниот просветен инспекторат и Државниот испитен центар, во соработка со УСАИД, УНИЦЕФ, МЦГО, наставници од основните училишта, средните училишта и високообразовните установи во земјата, како и повеќе експерти од областа на образованието и ИКТ-сферата, го изготвиле овој документ кој е инициран од промените на текот и начинот на реализација на воспитно-образовниот процес во глобални размери, поради пандемијата предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид-19.


ТУКА може да го погледнете документот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование