X
 06.07.2023 Живот

Објавена листа со земји според потрошувачката на алкохол, еве каде е Македонија

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави листа со земји според годишната потрошувачка на чист алкохол по глава на жител. Имено, според анализираните податоци од 2019 година, Куковите Острови се на прво место со просечна годишна потрошувачка на чист алкохол од 12,97 литри по лице.

На второ место е Летонија (12,90 литри), па следуваат Чешка (12,73), Литванија (11,93), Австрија (11,90), Антигва и Барбуда (11,88) и Естонија (11,65).

Од земјите во регионот, Словенија е на 10. место (10,72 литри), Црна Гора е 23. (9,91), Хрватска е 25. (9,64), Србија е 55. (7,45), Босна и Херцеговина е 80. (5,56), а Македонија е 97. со 3,90 литри годишно по лице.

Целата листа можете да ја видите овде.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот